fbpx

Мајка Тереза може да биде прогласена за светица во 2016 година

-

Мајка Тереза може да биде канонизирана следната година, вели висок авторитет во Католичката црква, а според друг ова е само хипотеза, пишува „Хафингтон пост“.

Италијанскиот весник „Кориере дела сера“ извести дека во вторникот архиепископот Салваторе Фисичела, претседател на Понтификалниот совет за промовирање нова евангелизација, им рекол на градските власти во Рим дека канонизацијата на калуѓерки била закажана за 4 септември 2016 година, во близина на крајот на јубилејната година прогласена од папата Франциск. Но, портпаролот на Ватикан, свештеникот Федерико Ломбарди, негираше дека е утврден датум за канонизација.

– Тоа е работна хипотеза. Процесот за прогласувањето на Мајка Тереза за светица сè уште е во тек и прерано е да се зборува за датум за канонизација – вели Ломбарди.

Во средата, отец Мануел Дорантес од прес-службата на Ватикан, за „Хафингтон пост“ изјави дека процесот е во тек и дека сè уште не може да се зборува за дефинитивен датум.

– Сепак, гледајќи на нацрт-календарот за јубилејната година, има шанси дека тоа е веројатно да се случи на почетокот на септември – рекол Дорантес.

На Мајка Тереза ѝ се восхитуваат за нејзината работа со сиромашните и со обесправените во Индија.

Таа доби Нобелова награда за мир во 1979 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...