fbpx

Лудост е тврдењето дека „Фејсбук“ му помогнал на Трамп да победи, оцени Зукерберг

-

Основачот на „Фејсбук“, Марк Зукерберг, денеска ги демантираше медиумските написи дека социјалната мрежа придонела за пораст на популарноста на новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, јавува „Би-би-си“.

Тој на трибината за нови технологии во Калифорнија, рече дека „Фејсбук“ не треба да се смета за одговорен за нешто такво.

– Идејата дека лажните новости на „Фејсбук“ влијаеле на исходот е ептен луда идеја. Ако во тоа верувате, мислам дека не сте ја сфатиле пораката што симпатизерите на Трамп се обидоа да ја испратат со овие избори – рече Зукерберг.

Според податоците, лажните приказни многу повеќе се споделувани на „Фејсбук“ отколку на другите социјални мрежи и на јавните дебати на кои Трамп учествувал.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...