Кривична пријава за поранешниот градоначалник на Кочани, Ратко Димитровски


       
Кочани, 25 декември, 2017 - 13:09 (META) 

Полицијата поднесе кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување против Ратко Димитровски, поранешниот градоначалник на Кочани и го товари за штетен договор за субвенционирање на градскиот превоз.

Како што соопшти МВР, Димитровски од декември 2013 година до април 2014 година, без претходно донесена одлука од Советот на општина Кочани за субвенционирање на градскиот превоз наподрачјето на општина Кочани, склучил Договор за вршење на јавен градски превоз за пробен период со Авто Атом ДОО Кочани. Договорот предвидувал општината да субвенцира половина од износот на секој продаден билет на превозникот, и со тоа на Авто Атом му овозможил противправна корист, а буџетот на општина Кочани бил оштетен за три милиони денари (48.700 евра).