Нов член на одборот на Глобалниот фонд за борба против СИДА, туберкулоза и маларија е Христијан Јанкулоски, извршниот директор на ХОПС – Опции за здрав живот Скопје.
Мандатот на Јанкулоски ќе почне на 2 април, а ќе трае до 2017 година. Јанкулоски како извршен директор на ХОПС покажал одлични лидерски способности во финансиското и во програмското планирање, вклучувајќи го менаџментот на програмите за поддршка на маргинализираните заедници, како корисниците на дроги и сексуалните работници/чки.
Јанкулоски, меѓу другото, работи на воспоставување и на зајакнување на намалување на штети, програми за превенција на ХИВ и туберкулоза кај ранливата популација – вклучувајќи и успешно застапување за зголемена финансиска поддршка и одржливост на овие програми во рамките на Источна и Југоисточна Европа.