fbpx

ИД ќе ги нападне Франција и Белата куќа

-

Екстремистичката група Исламска држава објави нова видеопорака во која се заканува со нови напади во Франција, како и со напад на Белата куќа во Вашингтон.

Во шестминутната снимка, која ја објавија милитантите во Ирак, ИД се фали со неодамнешните напади во Париз во кои се убиени 129 лица и се заканува со напад на Белата куќа.

– Ќе ја кренеме во воздух, како што ги кренавме во воздух идолите во нашата земја – рече еден од маскираните милитанти на снимката.

Милитантите, исто така, се закануваат со нови напади на „француските споменици“.

Снимката е објавена еден ден откако ИД објави снимка со сцени од Њујорк, со кои сугерира дека ќе го нападнат овој американски град.

Во новата видеоснимка се наведува дека Белата куќа ќе биде мета на самоубиствени напади и на подментнати бомби, а се најавуваат и напади на Франција.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Столе Попов е добитник на наградата „Златен објектив“ за 2024 година

Столе Стојан Попов е овогодишниот добитник на наградата „Златен објектив“ која се доделува секоја година на 29 април по повод роденденот на Кинотека на Северна Македонија. Признанието „Златен објектив“ се...