fbpx

Фабриката за автомобилски делови „Маркарт“ почна со работа во Велес

-

Фабриката „Маркарт“ за производство на делови за „мерцедес“, „ауди“ и „бе-ем-ве“, денеска почна со работа во Велес.

Инвестицијата изнесува 35 милиони евра, а во првите две години ќе се отворат 600 работни места. Во фабриката веќе работат 120 луѓе.

Процените се дека компанијата секоја година ќе извезува софистицирани автомобилски продукти, вредни повеќе од 70 милиони евра.

„Маркарт“ досега има отворено фабрики во повеќе земји низ светот, а годишниот обрт на компанијата е околу 700 милиони евра.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...