fbpx

Два дена по масакрот во Кенија, пронајдена преживеана девојка

-

Два дена по нападот на кампусот на Универзитот „Гариса“ во Кенија, во кој беа убиени 148 луѓе, медиумите, повикувјќи се на локалниот медицински персонал, јавија дека денеска е пронајдена една преживеана личност.

Кениските власти соопштија дека таа личност е 19-годишната Синтија Чаротич, која се криела на колеџот од четвртокот. Таа рекла дека се скрила во еден шкаф и дека се покрила со облека.

Министерот за внатрешни работи на Кенија, Мвенда Њока, рекол дека полицијата во врска со масакрот, зад кој стои сомалиската група Ал Шабаб, уапсила петорица мажи.
„Пет луѓе се уапсени и тие се испрашуваат“, рекол Њока, додавајќи дека во четвртокот биле убиени четворица напаѓачи на крајот на еднодневната опсада на колеџот.

„Тројца биле координатори кои се уапсени кога се обиделе да побегнат во Сомалија, а двајца се уапсени во округот на универзитетскиот комплекс“, изјавил Њока.

Тој не ги кажал имињата на тројцата уапсени, кои, според сомневањата, биле организатори, но за еден од преостанатите двајца рекол дека бил државјанин на Танзанија, кој е пронајден како се крие, додека другиот бил дел од обезбедувањето.

Танзаниецот, Рашид Чарлс Мбересеро, е уапсен на кампусот во петокот, а се криел во една просторија и со себе имал бомба.
„Другиот е стражар кој им помагал на напаѓачите и кај него е најден џихадистички материјал. Неговото име е Осман Али Дагане, Кениец со потекло од Сомалија“, рекол Њока.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...