fbpx

ДС предлага на референдум да се одлучува за прашања од национален интерес

-

Демократскиот сојуз (ДС) смета дека во интерес на внатрешната стабилност и мир е неопходно да се формира реформска влада од партиите што имаат парламентарно мнозинство, велат од партијата.

Според ДС, четирите елементи што ја карактеризираат државата (народ, јазик, теториторија и суверено владеење со територијата), со ништо не се загрозени однатре, ниту, пак, постои надворешна закана по нив, а за промена на државните симболи, односно знамето, грбот и химната, додаваат од партијата, потребна е согласност од најмалку 81 пратеник или повеќе од 50 отсто од граѓаните да се изјаснат на референдум за промени.

Од Демократскиот сојуз предлагаат наместо Собранието, за сите прашања од национален и државен интерес на референдум да одлучуваат граѓаните, вклучително и за промени поврзани со симболите на државата.

„На овој начин, силната манипулативна партиско- медиумска кампања ќе се распадне и кај граѓаните ќе зајакне определбата дека само со мирна промена на власта ќе се обезбеди владеење на правото, како основна гаранција за индивидуалните и колективните права и слободи“, стои во соопштението на Демократскиот сојуз.

Од партијата оценуваат дека не е загрозен унитарниот карактер на државата, дека нема никаков заговор за поделба и за уривање на државата, ниту идеи или поддршка за промена на уставното име на Република Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...