fbpx

Државната телевизија на Албанија почнува со емитување на јазиците на малцинствата

-

Предлог-законот за малцинства што го усвои владата на Република Албанија и го испрати во парламентот, за етничките Македонци во оваа земја претставува чекор напред и правна рамка за остварување на нивните права.

Со него, како национални малцинства во Албанија се прогласуваат Македонците, Грците, Власите, Ромите, Египќаните, Црногорците, Бошњаците и Србите.

Нико Китани, претставник на македонското малцинство во државниот Комитет на малцинства на Албанија, за „Мета“ вели дека наскоро националниот радио-телевизиски сервис во Албанија – РТШ2, ќе почне со емитување емисии на јазиците на малцинствата, во кои покрај вести, ќе се емитуваат и документарни емисии, музика, репортажи, образовни емисии, серии со кои ќе се промовираат и ќе се афирмираат културата, обичаите, традицијата и сите други вредности на малцинствата.

Во функција на претстојното емитување на програмите на РТШ2, Китани деновиве во МРТ разговарал со директорот Диме Ратајковски, при што му ја предочил програмата на редакцијата за емисиите на македонски јазик при РТШ2 и била договорена понатамошната соработка на двете телевизиски национални куќи.

– Директорот Ратајковски ми потврди дека МРТ е подготвена да соработува и вети дека во иднина ќе ја имаме целокупната помош и поддршка од нивна страна. Средбата ја оценувам како мошне плодна, поради што сакам да искажам голема благодарност до директорот Ратајковски и до македонскиот национален сервис, со надеж дека ова е само почеток и дека во иднина соработката ќе се продлабочи – вели Китани.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...