fbpx

Ахмети му заблагодари на Река за охрабрувањата од Тирана

-

Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, и албанскиот амбасадор во Македонија, Фатос Река, денеска разговараа за политичките случувања во земјава и во регионот по изборите на 11 декември, соопштија од ДУИ.

„Ахмети го запозна амбасадорот Река дека продолжуваат интензивните консултации со партиските тела, со интелектуалци и со претставници на граѓанското општество и на меѓународната заедница, на дневна основа“, соопшти ДУИ.

Ахмети истакнал дека изјавата на албанските политички партии е заеднички производ од нивните изборни платформи и изразил уверување дека било искрено и конструктивно охрабрувањето од Тирана и од Приштина за тоа внатрешно постигнување.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...