fbpx

ЗНМ: СЈО да го преземе случајот на новинарот Божиновски

-

Претставници на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) денеска во Специјалното јавно обвинителство имаа средба со обвинителката Катица Јанева и нејзините соработници.

Претседателот на ЗНМ, Насер Селмани ја информираше обвинителката Јанева за случајот на новинарот Зоран Божиновски, кој два месеца е во притвор, затоа што Јавното обвинителство го осомничи за разни кривични дела. Божиновски во април беше екстрадиран од Србија и до сега против него нема формално обвинение.

Селмани побара од Јанева да го превземе одвоениот предмет на новинарот Божиновски од обвинителството за организиран криминал, поради неговата поврзаност со предметот „Шпион“, врз кој СЈО веќе има воспоставено надлежност.

Правниот застапник на Божиновски веќе достави и формално барање до СЈО за преземање на случајот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

По одлуката за повисоки плати на УКИМ и професорите на останатите јавни универзитети бараат повисоки плати

Вработените во Универзитетот во Тетово денеска излегоа на протест поради непотпишувањето на Колективниот договор од страна на Собранието за зголемување на платите како на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“....