fbpx

ЗНМ бара одговорност за однесувањето на униформиран службеник при пуштањето на Мијалков од притвор

-

Здружението на новинарите на Македонија го осуди однесувањето на униформиран службеник кон новинарите за време на пуштањето од притвор на екс-директорот на УБК Сашо Мијалков од затворот Скопје. Како што се гледаше на снимките кои вчера ги објавија повеќе телевизии новинарите кои го чекале Мијалков пред капијата на затворот биле спречени во извршувањето на своите задачи од лице кое го обезбедува влезот во затворот, а се слушна и пцуење.

„ЗНМ го осудува односот на униформираниот службеник од затворот Скопје во Шуто Оризари кој истурка новинари и сниматели и ги попречи во вршењето на нивната работа при излегувањето од притвор на екс директорот на УБК Сашо Мијалков пред затворот. ЗНМ ќе повика и на одговорност од страна на МВР како и Директорот на затворот за крајно непримерниот и недозволив однос од страна на униформираниот службеник кон новинарските екипи на ТВ Клан и А1он“, реагираат од ЗНМ.

Сашо Мијалков, вчера околу 19:10 часот излезе од затворот „Скопје“ од Шуто Оризари. На капијата го чекаа новинарски екипи на А1.он и ТВ Клан, но и возило, членови на семејството и обезбедување. Пред да излезе од капијата, пред портата се паркираше возилото во кое подоцна влезе Мијалков, а неговото обезбедување но и униформираниот службеник направија „жив ѕид“ за новинарите и снимателите.

Излегувањето на Мијалков следува откако Апелацискиот суд во Скопје го укина притворот кој му го определи Кривичниот совет во Основниот кривичен суд минатата среда (22 декември) за предметот „Плацови на Водно“ каде тој е еден од обвинетите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...