fbpx

Жена од Ирска обвинета за „обид за самоубиство“ во Дубаи

Тори Тови, која работела како стјуардеса во Обединетите Арапски Емирати како стјуардеса, била жртва на семејно насилство

-

Жена од Ирска, која работела во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) како стјуардеса, e обвинета за „обид за самоубиство“ и консумирање алкохол во Дубаи, пишува британската организација „Приведени во Дубаи“, која нуди правна помош за странци во Блискиот Исток.

Дваесет и осумгодишната Тори Тови била жртва на семејно насилство. Нејзиниот маж со потекло до Јужна Африка, кој исто работел за државната авиокомпанија на ОАЕ, континуирано ѝ се заканувал на Тори, со чести испади – кршење на нејзиниот телефон, понижување пред другарите, како и прекумерно користење на нејзината кредитна картичка (влегувањето во долгови е строго казниво во ОАЕ).

Откако нејзиниот маж направил непријатна сцена во паб, била викната полиција, која само му наредила да се врати дома и жената да го придружи. Но, таа одлучила да се врати дома сама, надевајќи се дека во меѓувреме тој ќе се смири. Но, кога стигнала дома, претрпела неколкучасовна тортура од мажот, кој ја клоцал, гризел, ѝ ја мавал раката од вратата во обид да ѝ ја скрши, ѝ се заканувал дека ќе ја убие и ѝ го искинал пасошот.

По посетата во болница по инцидентот, кога Тори се обидела да си го замени пасошот, дознала дека има забрана за патување. Според „Приведени во Дубаи“, семејни насилници во ОАЕ често отвораат случаи против нивните сопруги, за превентивно правно да се заштитат.

По некое време, Тори се вратила во станот со сопругот. Пиеле вино, по што мажот почнал да ја турка и да ја обвинува за прељуба. Плашејќи се дека тој ќе ја убие, таа отишла во тоалет и се обидела да се обеси.

Жената се разбудила во болница и била однесена во полициска станица, каде ѝ биле соопштени обвиненијата, односно „обид за самоубиство“ и консумирање алкохол. Ѝ било кажано дека ќе оди на суд на 18 јули.

Мајката на Тори, исфрустрирана од тишината од ирскиот конзулат во Дубаи, отишла во Дубаи, но не смеела да ја види ќерка ѝ без присуство на нејзиниот маж. Откако мажот ѝ повторно почнал да ја напаѓа Тори, таа со својата мајка конечно се иселила.

Рада Стирлинг, основачката на „Приведени во Дубаи“, коментираше на случајот.

„Искуството на Тори е трагично; таа има среќа што е жива. Неверојатно и застрашувачки е што соодветните служби не интервенираа за да ја заштитат Тори, имајќи ја предвид состојбата во која беше нејзиното тело кога беше хоспитализирана првиот пат. Емирати Ерлајнс, Ирската амбасада и медицинските и полициските служби на ОАЕ сигурно можеа да направат повеќе за да ѝ помогнат на Тори“, вели Стирлинг.

„Не само што не ѝ беше пружено помош, туку ОАЕ всушност ѝ забранија патување и ја задржаа во земјата кога се обидуваше да побегне. Тие ја ставија во безнадежна позиција што резултираше со обид да се самоубие за да ја избегне непосредната закана од напад и веројатно убиство. Како тоа да не е доволно, полицијата во Дубаи сега ја гони затоа што се обидела да излезе од нејзината ситуација на единствениот начин која го согледала во тој момент. Срамота е“, вели Стирлинг.

Стирлинг потенцира дека полицијата и судовите на ОАЕ ги обвинуваат жртвите на силување за секс надвор од бракот, а дека со овој случај се гледа дека тие ќе најдат начин да ги обвинат и жртвите на семејно насилство.

Стирлинг ја повика ирската власт да интервенира во случајот. Лидерот на опозицијата во Ирска, Мери Лу Мекдоналд, му ја посочи приказната на Тори на ирскиот премиер Сајмон Херис. Тој не бил запознаен со случајот, но рече дека е подготвен веднаш да се активира во разрешување на случајот. Ирското министерство за надворешни работи за „Скај њуз“ рече дека е запознаено со случајот и дека работи на него.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

По една ѕвезда на Широк сокак за лауреатите на Златна Камера 300 за животно дело

На годинашното јубилејно 45. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ по прв пат на Широк сокак во Битола, ќе бидат откриени ѕвезди на сите досегашни добитници...