fbpx

Здравствените установи утре и задутре ќе работат континуирано за време на министерскиот состанок на ОБСЕ

Здравствената заштита ќе се одвива континуирано и непрекинато за сите пациенти како и досега, и истата нема да влијае на достапноста на здравствена заштита на населението, велат од Министерството за здравство

-

Министерството за здравство информира дека одлуката 29 и 30 ноември да бидат неработни денови за сите вработени во државната и јавната администрација во Скопје поради одржувањето на 30. министерски состанок на ОБСЕ, не важи за вработените во здравствените установи.

„Здравствената заштита ќе се одвива континуирано и непрекинато за сите пациенти како и досега, и истата нема да влијае на достапноста на здравствена заштита на населението. Поради одржувањето на овој важен министерски состанок, медицинските установи се задолжени во овие денови да имаат обезбедено дежурни лекарски екипи и друг медицински персонал со потребни простори и опрема за укажување на медицинска помош, односно да бидат во состојба на подготвеност со своите капацитети“, наведено е во соопштението од министерството.

Правните лица со дејност здравствена заштита лоцирани во Скопје, потребно е мерката прва медицинска помош да ја извршуваат во согласност за стандардните оперативни процедури на Дирекцијата за заштита и спасување.

Триесеттиот министерски состанок на ОБСЕ ќе биде 24 часа покриен со присуство на екипи и од Итната медицинска помош.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...