Заради врнежите, водоводот во Тетово со намален притисок, а во Гостивар водата не е за пиење

Јавното комунално претпријатие „Шар“ од Тетово соопшти дека поради загаденост на водата во изворите на Лешница, системот на филтер станицата е целосно затворен

-

Центарот за Управување со кризи информира дека во Тетово има намалено количество вода во водоводот, а во Гостивар водата воопшто не е за пиење. Јавното комунално претпријатие „Шар“ од Тетово соопшти дека поради загаденост на водата во изворите на Лешница, системот на филтер станицата е целосно затворен, а жителите на Тетово се снабдуваат со намалено количество вода. Јавното претпријатие „Комуналец“ од Гостивар, пак, информира дека поради контаминација предизвикана од обилните врнежи од дожд, најновите физичко-хемиски и микробиолошки анализи потврдуваат дека водата од јавната водоводна мрежа во моментов не е безбедна за пиење.

ЦУК соопшти дека во последното деноноќие немало регистрирано пожари на отворено на територијата на државата, а пожарникарите работеле на извлекување лица во животозагрозувачки ситуации и испумпување вода од поплавени простории. Спасена била жена од срушена куќа во Велес, како и повредени лице од возила при сообраќајни незгоди во Куманово и Гостивар.

Над 1000 деца од Тетово уживаа во изведба на бајката „Петар и волкот“ на два јазика

Над 1000 деца од Тетово уживаа во двете изведби на симфониската бајка „Петар и волкот“ на македонски и албански јазик. Националната установа „Музички Ансамбл” Тетово го реализираше вториот проект...