Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ја забрани за употреба водата од струмичкиот водоснабдителен систем.
Ваквиот чекор доаѓа откако Агенцијата добила известување од струмичкото јавно претпријатие „Комуналец“ и од Центарот за јавно здравје – Струмица дека по извршените лабораториски тестирања било утврдено оти водата не е безбедна за употреба. Регистрирано било зголемено присуство на манган и колиформни бактерии.
Како што соопштија од АХВ, на јавното претпријатие му е наложено да го информира месното население да не ја користи за пиење водата од градскиот водовод и да обезбеди питка вода за граѓаните, сè до обезбедување на безбедна вода во градскиот водоснабдителен систем.