fbpx

Почнува мерењето на квалитетот на воздухот во Битола

-

Стигна мобилната мерна станица што ќе ја мери загаденоста на воздухот во Битола. Апаратите на приватната лабораторија „Фармахем“, еден ден пред најавениот протестен марш, се сместија на приватна локација во Битола, во близина на Офицерскиот дом на Широк сокак.

Откако Општината не му даде одговор на здружението „За нас се работи“ дали ќе му дозволи мобилната станица да ја смести на имот на Општината во строгиот центар на градот, каде се наоѓа станицата Битола-2, од здружението одлучија да ја стационираат кај свои пријатели.

– Мерењето на квалитетот на воздухот почна денска. По 14 дена резултатите од мерењето ќе бидат испратени во Србија да се направи анализа и извештај, по што битолчани на почетокот на Нова година ќе имаат конкретни резултати каков воздух дишат, особено оние граѓани што живеат во центарот на градот – потврди Горан Пинза, од здружението „За нас се работи“.

Средствата за намирување на трошоците за мерењето на квалитетото на воздухот се обезбедени од поддржувачи и од пријатели на здружението „ За нас се работи“, но, како што велат, и лабораторијата им излегла во пресрет со тоа што им понудила ниска цена за направените анализи.

Маршот на битолчани за чист воздух ќе се одржи утре, со почеток во 11.30 часот пред Офицерскиот дом во Битола. Ќе се маршира по Широк сокак сè до Општината, каде ќе се бара средба со градоначалникот Талески.

– Доколку Талески не нè прими на разговор, таму, пред неговите врати, ќе останеме до крајот на работнто време, бидејќи саботата е работна, па тој и неговата администрација ќе мора да бидат на своите работни места – рече Пинза.

 

А.Б.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...