Запленети 51 килограм марихуана во Демир Хисар, покрената истрага

Надлежните јавни обвинители доставија предлог за определување мерка притвор

-

Вчера во близина на с. Слаудево, демирхисарско, беше лишен од слобода лицето Е.Е.(53) од с. Калишта, струшко, откако биле пронајдени 51 килограм марихуана во неговото возило.

„Осомничениот, на 4 октомври, во близина на Сопотница, со автомобил ‘ауди’ не застанал на даден знак – стоп од полициски службеници од Демир Хисар кои вршеле сообраќајна контрола на возила и возачи. Со голема брзина се упатил кон крстосницата за Крушево, застанал на коловозот, излегол од возилото и започнал да изнесува наркотична дрога од возилото покрај патот. Полицајците го затекнале и од него одзеле околу 51 килограм наркотична дрога марихуана спакувана во повеќе пакувања“, соопшти Јавното обвинителство.

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице од струшко Калишта за кого постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

За истото кривично дело, Основното јавно обвинителство Скопје поведе истрага против скопјанец во чиј автомобил, на граничниот премин Блаце при влез во земјава, биле откриени околу 36,5 килограми издробени вршунки од канабис спакувани во четири големи куфери.

За двајцата осомничени надлежните јавни обвинители доставија предлози за определување мерка притвор.

Арбен Таравари злоупотребен во реклама за наводен лек против згрутчување на крвта

Ова е типична онлајн измама која неетички го користи страдањето на луѓето кои имаат здравствени проблеми, со цел да ги намамат да купат наводен лек и да потрошат еден...