Шестмина приведени во последното деноноќие во Скопје поради поседување марихуана

Едно лице било затекнато на подрачјето на Карпош, едно на подрачјето на Центар, а четири на Бит Пазар

-

Шест лица во последното деноноќие биле приведени на територијата на Скопје затоа што кај нив била пронајдена марихуана.

Полицискиот билтен содржи шест случаи во кои мажи се лишени од слобода затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана, а Министерството за внатрешни работи (МВР) најавува соодветни поднесоци по документирање на случаите.

Едно лице било затекнато на подрачјето на Карпош, едно на подрачјето на Центар, а четири на Бит Пазар.

Станува збор за лица на возраст од 18 до 39 години.

„На 31.08.2024 во 14.00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода И.С.(32) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

На 31.08.2024 во 13.15 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.С.(39) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

На 31.08.2024 во 16.20 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Ѓ.(23) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

На 31.08.2024 во 16.50 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Л.О.(18) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

На 31.08.2024 во 20.40 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.И.(29) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

На 31.08.2024 во 20.45 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ќ.А.(19) од с. Ново Село, тетовско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана“, стои во полицискиот билтен на МВР.

(ГАЛЕРИЈА) Први фотографии од студентскиот „Кузман“ чија реконструкција е во тек

Министерството за образование и наука (МОН) денеска до медиумите ги сподели првите фотографии од внатрешноста на студентскиот дом „Кузман Јосифовски - Питу“, чија реконструкција е во тек. На фотографиите може...