fbpx

Заостанатите долгови за собирање и транспорт на комунален отпад до 31 јули ќе се наплатуваат без камата

Наплатата на овие заостанати долгови ќе се одвива преку наплатните пунктови на ЈП Водовод и канализација-Скопје

-

Oд денеска, 19 јуни заклучно со 31 јули, физички лица од домаќинствата (тужени и редовни) кои имаат заостанат долг за собирање и транспортирање комунален отпад преку заедничката сметка со ЈП Водовод и канализација-Скопје, ќе имаат можност истиот да го платат без пресметана камата за задоцнето плаќање. Наплатата на овие заостанати долгови ќе се одвива преку наплатните пунктови на ЈП Водовод и канализација-Скопје (освен тужбата којашто датира од 2007 година), извести ЈП Комунална хигиена-Скопје.

„Можноста за плаќање на заостанатиот долг без пресметана камата во наведениот период се однесува и на корисниците-физички лица од домаќинствата (тужени и редовни) кај коишто услугата за собирање и транспортирање комунален отпад се наплатува само преку сметката на ЈП Комунална хигиена-Скопје (рурални средини и корисници од о.Шуто Оризари)“, известуваат од јавното претпријатие и додаваат дека наплатата на овие заостанати долгови ќе се одвива во наплатниот пункт на улицата Боро Тодоровиќ бр.2.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Венко Филипче е нов лидер на СДСМ

Поранешниот министер за здравство и актуелен пратеник Венко Филипче победи на внатрепартиските избори за претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ). Денешното гласање се спроведе во 77 избирачки места, а...