Забрана за пиење на водата од гостиварскиот водовод заради присуство на манган

На јавното комунално претпријатие „Комуналец” од Гостивар, кое стопанисуваа со водоводната мрежа во овој град, наредено му е да ги извести граѓаните за забраната, односно дека водата во градскиот водовод не е безбедна за пиење и да обезбеди питка вода за пиење, информира АХВ

-

Агенцијата за храна и ветеринрство (АХВ) издаде забрана за за користење на водата за пиење од градскиот водовод во Гостивар, информираат оттаму.

„Поради добиени позитивни лабораториски наоди за зголемено присуство на манган, над максимално дозволените концентрации согласно Правилникот за барање за безбедност и квалитет на водата за пиење АХВ во петокот издаде забрана за користење на водата за пиење од градскиот водовод во Гостивар. На јавното комунално претпријатие „Комуналец” кое стопанисуваа со водоводната мрежа во овој град, наредено му е да ги извести граѓаните за забраната, односно дека водата во градскиот водовод не е безбедна за пиење и да обезбеди питка вода за пиење“, информира АХВ.

По издадените наредби од инспектор за храна на АХВ, ЈКП „Комуналец”, постапило веднаш, додаваат во АХВ.

„Во саботата, земени се 4 мостри за бактериолошко и физичко – хемиско тестирање на водата од градскиот водовод, со акцент на присуство на манган, од различни локации, и од страна на инспекциските служби на АХВ и Институтот за јавно здравје Скопје и од Центар за јавно здравје Гостивар, чии резултати се уште не се добиени“, велат во АХВ.

Бензините и дизелот поскапуваат за денар

Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 и на Еуродизел (ДЕ V) од полноќ ќе се зголемат за 1 денар по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика,...