Нобеловата награда за медицина доделена за откривањето на микроРНК

МикроРНК влијае на тоа како гените се контролираат во организмите, а новите сознанија за нив помагаат да се објасни како комплексните организми се создале на Земјата

Виктор Амброс, еден од добитниците на наградата | Фото: Rosalindclee, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Нобеловата наградата за физиологија или медицина оваа година беше доделена на американските научници Виктор Амброс и Гери Рувкун за нивната работа во полето на микроРНК, пренесува Би-би-си.

МикроРНК влијае на тоа како гените се контролираат во организмите, а новите сознанија за нив помагаат да се објасни како комплексните организми се создале на Земјата.

Фондот за наградата е 970.000 евра, кој ќе биде поделен меѓу двајцата научници.

Минатата година, Нобеловата наградата за физиологија или медицина беше доделена на унгарската научничка Каталин Карико и американскиот научник Дру Вајсмен за нивната работа во полето на мРНА вакцините. Карико тогаш кажа дека се соочувала со потценување, па дури и од страна на колегите, поради нејзината посветеност кон мРНК технологијата. Таа вели дека истражувања поврзани со ДНК и генетска терапија биле најатрактивни теми за научниците. Како последица на тоа, ретко се доделувале соодветни грантови за истражувања во областа на мРНК вакцините.

Нобелова награда за изумителите на мРНК вакцините