fbpx

За првпат младите кои ќе добијат грант за „Млад земјоделец“ ќе имаат авансна исплата од 40 отсто

Мерката, како што соопштија од министерството, овозможува финансиска поддршка во форма на грант до 600.000 денари од прифатливите трошоци по поединечен корисник

-

Во тек е јавниот повик за Мерката 112 „Помош за млади земјоделци за започнување на земјоделска дејност“ позната како мерка „Млад земјоделец“ од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).

Мерката, како што соопштија од министерството, овозможува финансиска поддршка во форма на грант до 600.000 денари од прифатливите трошоци по поединечен корисник. Новина од годинава е авансната исплата на средствата во вредност од 40 отсто веднаш по потпишување на договорот.

Повикот е отворен сега за до крајот на годината да се обработат сите апликации од страна на Платежната агенција со цел сите млади земјоделци кои ќе ги исполнат условите, да добијат грант, велат од МЗШВ.

„Поддршката за младите земјоделци во форма на грант подразбира исплата на неповратни средства во висина до 600.000 денари со ко-финансирање од 100% на вкупните одобрени трошоци. Средствата се доделуваат за период на реализација на деловниот план и се исплаќаат на годишно ниво во најмногу три рати“, соопштија од МЗШВ.

Барателот треба да е носител на земјоделско стопанство на возраст од 18 до 40 години и барањето за поддршка да е поднесено не подоцна од 18 месеци од денот на запишување на промената на носителот на земјоделско стопанство, или воспоставување на новото земјоделско стопанство во Единствениот регистер на земјоделски стопанства (ЕРЗС) кој го води министерството.

Повикот е наменет за набавка на опрема за производство и преработка на земјоделски производи, а трактор и приклучна механизација не се прифатлив трошок.

Од 2017 година до денес, финансиска поддршка од овие две мерки искористиле вкупно 838 млади земјоделци од кои 576 млади добиле грант до 10.000 евра, а 262 млади земјоделци добиле грант до 20.000 евра.

Крајниот рок за доставување на барањата за повикот за мерка „Млад земјоделец“ истекува на 15 октомври.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

По една ѕвезда на Широк сокак за лауреатите на Златна Камера 300 за животно дело

На годинашното јубилејно 45. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ по прв пат на Широк сокак во Битола, ќе бидат откриени ѕвезди на сите досегашни добитници...