fbpx

За 13,6 отсто поскапа струја за домаќинствата понуди ЕСМ за догодина

-

За снабдување на домаќинствата и малите потрошувачи со електрична енергија за 2022 година, АД ЕСМ на денешните тендери за набавка на струја за периодот јануари-јуни доставила понуда до ЕВН Хоме, како универзален снабдувач на електрична енергија, со купопродажна цена на електрична енергија од 41 евро за мегаватчас.

АД ЕСМ доставила понуди и на двата тендери, за 60 отсто и 40 отсто од вкупните планирани потреби, преку електронски аукции кон ЕВН Хоум како универзален снабдувач.

„АД ЕСМ како најповолен понудувач ќе ги покрие вкупните планирани потребни количини на електрична енергија за корисниците кои се снабдувани од страна на универзалниот снабдувач за првата половина од 2022 година. Добиената купопродажна цена е за 13,6 отсто повисока од претходната која беше добиена на последниот тендер на универзалниот снабдувач за набавка на електрична енергија за периодот јули-декември 2021 година“, информираат од ЕВН Хоме.

Инаку, за вториот квартал од годинава, АД ЕСМ на ЕВН Хоме му понуди купопродажна цена на електрична енергија од 36,1 евро за мегаватчас за вкупните планирани потреби на ЕВН Хоум како универзален снабдувач.

Пред шест месеци, кон крајот на јуни цената на струјата се зголеми за 12,36 отсто, но тоа не го почувствуваа домаќинствата поради фактот што Владата на РСМ го намали ДДВ-то за струјата од 18 на 5 отсто, со што крајните сметки за електрична енергија кон потрошувачите тогаш останаа непроменети.

Предлогот за зголемени цени на струјата доаѓаат во период на зголемување на продажните цени на електричната енергија на меѓународните берзи, кои изминативе денови се зголемија на над 300 евра за мегават час. Дел од струјата што ја користат домаќинствата и малите потрошувачи во земјава е од увоз, што пак доведува и до зголемување на цените во понудите што ги доставува АД ЕСМ кон универзалниот снабдувач на електрична енергија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...