fbpx

ВМРО-ДПМНЕ ако дојде на власт ќе го менува Договорот од Преспа, потврди Јанушев

-

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев го потврди како партиски став она што денеска го кажа претседателот на партијата Христијан Мицкоски дека доколку освојат 80 пратеници на изборите ќе пристапат кон менување на Преспанскиот договор и враќање на уставното име.

„За тоа сме дискутирале, сме завзеле став уште поодамна и нормално дека нема да бегаме од тој став“, рече Јанушев.

Запрашан како ја коментира реакцијата на СДСМ дека со овој чекор патијата е против НАТО и ЕУ, Јанушев потсети дека учествувале во сите реформски и системски закони кои помогнале на Македонија и на граѓаните за што побрзо да се пристапи кон НАТО, и да се почнат преговорите со ЕУ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Трагите од авиони не се користат за борба против климатските промени

Борбата против глобалното затоплување не се постигнува со авиони, ниту со трагите што ги оставаат зад себе кои не се ништо друго освен резултат од мешањето на топлината испуштена...