fbpx

Видеото од тоа како Холанѓанецот го каснала змија во Охрид е сатирично

„Eксклузивното“ видео од тоа како Холанѓанецот го каснала змијата нема врска со Охрид, ниту пак, со посочениот инцидент

-

Вистиномер го побара видеото на Гугл и откривме дека тоа кружи на Интернет од 2020 година.  На Јутјуб исто така било објавено на 5 мај 2020 година. Не е познато каде е направено видеото, но тоа е доста вирално и споделувано последниве години. „Eксклузивното“ видео од тоа како Холанѓанецот го каснала змијата нема врска со Охрид, ниту пак, со посочениот инцидент, пишува Вистиномер. 

Текстот го пренесуваме интегрално:

 

Анализираме објава на Фејсбук која споделува наводно ексклузивна снимка од тоа како Холанѓанецот во Охрид бил каснат од змија.

Екслузивна снимка како беше каснат Холаѓанецот од змијата, стои во објавата.

Имено, на 11 јуни 2024 година, беше објавено дека холандски турист во Охрид бил каснат од отровна змија, но бидејќи во болницата во Охрид немале серум, тој со санитетско возило бил транспортиран во болницата во Дебар, каде му бил спасен животот.

Токму оваа вест е и поводот да се објави наводното ексклузивно видео од тоа како бил каснат Холанѓанецот. Но, кога ќе го отворите линкот на објавата каде е споделено видеото, ќе видите дека тоа нема врска со Охрид и дека истото е сатирично.

Објавата е доста вирална и во дел од коментарите некои сфатиле дека станува збор за шега, но голем дел коментираат и прашуваат која е плажата во Охрид прикажана во видеото, имајќи предвид дека овој наш туристички центар не е познат по песочните плажи.

Вистиномер го побара видеото на Гугл и откривме дека тоа кружи на Интернет од 2020 година.  На Јутјуб, исто така, било објавено на 5 мај 2020 година.

Не е познато каде е направено видеото, но тоа е доста вирално и споделувано последниве години.

Во една објава од 15 април 2023 година е наведено дека сцената од видеото била наводно снимена на езеро во Џорџија САД.

Од сето погоре можемме да заклучиме дека „ексклузивното“ видео од тоа како Холанѓанецот го каснала змијата нема врска со Охрид, ниту пак, со посочениот инцидент. Очигледно е дека видеото е обична шега, иако тоа не е наведено во објавата шо ја анализираме. Поради тоа истата ја оценуваме како сатира.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Кинеското влијание во С. Македонија се зголемува, се користат разни пропагандистички механизми

И покрај тоа што Кина е далеку од Северна Македонија, таа е присутна во земјава, нејзиното влијание го има, можеби дури и тивко преку разни економски, дипломатски, културни, медиумски...