Вечерва започнува Филозофскиот филмски фестивал

Со почеток во 20:30 часот во летното кино „Мирно лето“ во Кинотека на Северна Македонија, посетителите ќе можат да ја проследат македонската премиера на „Затвори ги очите“

фото: Филозофски филмски фестивал

Со проекција на шпанско-аргентинската копродукција „Затвори ги очите“ (Cerrar los ojos / Close Your Eyes, 2023), вечерва започнува 14-тото издание на Филозофскиот филмски фестивал.

Со почеток во 20:30 часот во летното кино „Мирно лето“ во Кинотека на Северна Македонија, посетителите ќе можат да ја проследат македонската премиера на овој филм на 83-годишниот шпански режисер Виктор Ерисе.

Со ова ќе започнат и проекциите на филмовите од Официјалната селекција на долгометражни филмови, во која за наградите „Златен був“ од жирито и публиката ќе се натпреваруваат пет филмови.

Оваа година на публиката ќе ѝ бидат прикажани и 16 филмови од Официјалната селекција на краткометражни филмови, три филма оф Ревијалната програма и 4 видеоесеја, во рамки на новоотворената Селекција на видеоесеи.

Придружната програма е посветена на американската режисерка Маја Дерен и ќе бидат прикажани шест нејзини видеосесии.

Целосната програма на Филозофскиот филмски фестивал може да се погледне на овој линк.