fbpx

Украина тврди дека погодила рaкeтни системи С-300 во Русија

Прекрасно гори. Тоа е руски С-300. На руска територија. Првите денови по дозволата да се користи западно оружје на непријателска територија“, објави украинската владина министерка Ирина Верешчук на Фејсбук, а потоа објавата беше избришана

-

Украинските сили соопштија дека успешно го погодиле рускиот ракетен систем С-300, користејќи оружје доставено од Запад на руска територија.

„Прекрасно гори. Тоа е руски С-300. На руска територија. Првите денови по дозволата да се користи западно оружје на непријателска територија“, објави украинската владина министерка Ирина Верешчук на Фејсбук со фотографија на која наводно се гледа нападот.

Подоцна, оваа објава беше избришана.

Како што известува Си-ен-ен, ова доаѓа само неколку дена откако американскиот претседател Џо Бајден ѝ даде дозвола на Украина да изврши ограничени напади со американско оружје на руска територија околу Харков, а неколку европски држави ги укинаа ограничувањата за тоа како може да се користи оружјето.

Не е јасно дали оружјето користено во нападот опишан од Верешчук било испорачано од САД.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја пофали одлуката на Бајден да дозволи извесни напади на руска територија како „чекор напред“ за да им помогне на неговите сили да го одбранат воено разурнатиот регион Харков, иако некои аналитичари се сомневаат дали новите слободи значително ќе ја зајакнат способноста на Украина да ја одбие руската инвазија.

Сепак, дел од аналитичарите, како што пишува Си-ен-ен, се сомневаат дека „зеленото светло“ од западните сојузници значително ќе ја зголеми способноста на Украина во одбивањето на руската офанзива.

Воените аналитичари ги ублажија очекувањата, делумно затоа што САД не ѝ дозволуваат на Украина да ги користи ракетите со долг дострел на руска територија, познати како АТАЦМС, кои можат да погодат цели на оддалеченост од 300 километри.

Во моментов Украина може да користи само ракети со помал дострел од околу 70 километри.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бошко Грујоски нов в.д. директор на Кинотека

Изминатава недела Кинотеката доби нов в.д. директор, Бошко Грујоски, кој доаѓа на местото на претходниот в.д. директор Бојан Станишиќ. Грујоски повеќе од 15 години е дел од тимот на Кинотеката,...