fbpx

Турски дипломати бараат азил во Германија

-

Германија и понатаму добива барања за азил од Турци со дипломатски пасоши, поради акциите против турската опозиција по неуспешниот воен удар извршен во јули минатата година.

Истражувачката група на медиумските куќи ВДР, НДР и „Зидојче цајтунг“ соопшти дека 136 лица со турски дипломатски пасоши побарале азил од август 2016 година до јануари 2017 години.

Истражувачката група во ноември регистрирала 53 апликации.

Не е познато колку од барателите на азил се дипломати, а колку членови на нивните семејства. Нема информации за тоа колку барања се одобрени.

Ситуацијата предизвика дипломатски тензии меѓу двете земји.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Очајна екипираност – во просек еден обвинител има по 180 нови предмети годишно

Во просек, на годишно ниво секој јавен обвинител од основно обвинителство работел на по околу 180 нови предмети, покажува Годишниот извештај за работата на јавните обвинителства за 2023 година...