fbpx

Центар ќе биде блокиран поради протестот за „Диво Насеље“

-

Како што соопшти МВР, строгиот центар на Скопје денеска ќе биде блокиран поради најавениот протест против пресудата во случајот „Диво Насеље“.

Протестот ќе почне во 13 часот, пред споменикот на Ѓерѓ Кастриот  Скендер-бег на истоимениот плошттад, во организација на Здружението за албанска култура.

Според пријавата на организаторот, се очекува демонстрантите од плоштадот Скендер-бег да се движат по улицата Филип Втори Македонски до Собранието на Република Македонија, каде по кратко задржување по истата маршута ќе се вратат назад и ќе протестираат пред Основниот суд Скопје 1.

За тоа време ќе биде блокиран строгиот центар на Скопје, односно булеварот Гоце Делчев и  улиците Филип Втори Македонски, 11 Октомври и Димитрија Чуповски и тоа од крстосница помеѓу 11 Октомври и булеварот Кочо Рацин (Црвен крст) до крстосница помеѓу улиците Димитрије Чуповски и Даме Груев (ТЦ „Палома бјанка“).

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Амнестијата за „Хашките случаи“ е направена во 2011 година од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Во јули 2011 година Собранието со гласовите на тогашното владејачко мнозинство изгласа амнестија за четирите „Хашки случаи“. Тогаш парламентот со 63 гласа „за“ и 29 „против“ (опозициски пратеници) го усвои...