Третата „Парада на гордоста“ ќе се одржи во Скопје на 25-ти јуни

Фото: Мета.мк (јуни 2021)

Парадата на гордоста „Skopje Pride“ годинава ќе се одржи на 25-ти јуни, соопштија организаторите на социјалните мрежи. Годинешниот слоган на „Skopje Pride“ гласи „Излези за љубов“.

Најавата на Парадата е објавена на 17-ти мај, Меѓународниот ден на борба против хомофобија, бифобија, интерфобија и трансфобија.

Парадата на гордоста во главниот град годинава се одржува по трет пат. Првиот „Skopje Pride“ се одржа во 2019 година, а по една година пауза поради ковид пандемијата, втората парада се случи минатото лето. Тогаш илјадници поддржувачи се собраа во главниот град на протест против опресивните политики, хомофобијата и трансфобијата, но и да ги прослават надежите за посолидарно и поправедно општество.

Настанот е во организација на Националната мрежа против хомофобија и трансфобија.

Втора Парада на гордоста во Скопје (ГАЛЕРИЈА)