fbpx

ТАНЕЦ ќе ја збогати летната програма во Охрид, Прилеп и во Галичник

Македонскиот фолклорен ансамбл „Танец“ оваа година прослававува 75 години од неговото постоење

-

Македонскиот фолклорен ансамбл „Танец“ оваа година прослававува 75 години од неговото постоење.

Од почетокот на оваа година, фолклорниот ансамбл настапува под мотото „75 години Македонски код“. Покрај големите жештини кои го опфатија месец јули, неизбежно е разладување во ноќниот период, па тука ТАНЕЦ ќе се вклучи со голем број настапи. 

Вечерва во Охрид во 20.30 часот ќе настапи на 63-тиот Балкански фестивал на народни песни и игри, додека во Прилеп на 5 јули, во 19 часот ќе одржи целовечерен концерт на Летната сцена на НУ Завод и музеј, со изворен вокално-инструментален репертоар по повод отворањето на 50-тиот Фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“.

фото: Официјлна веб-страница на ТАНЕЦ

Бисерот на летото се разбира е Галичката свадба, која годинава ќе го одбележи 50-тиот годишен јубилеј на 13 и 14 јули. Од најпознатите македонски ора „Тешкото“, па се до „Невестинското“ ќе ја красат богата програма предвидена за свадбата во Галичник.

Понатаму летната програма на ТАНЕЦ ќе продолжи на републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“  на 25 јули, а ќе настапи и по повод празникот Илинден,на 2 август во Пелинце и Крушево.

фото: Официјлна веб-страница на ТАНЕЦ

Културниот и традиционален мелос на ТАНЕЦ ја збогатува македонската ризница од 1949 година па сè до денеска.

ТАНЕЦ има традиција со над 5000 настани, 90 кореографии, кои ги изведуваат 40 играорци, 20 вокални и 20 инструментални изведувачи. Нивниот белег е препознаен преку бројните награди кои ги имаат освоено како што се „11 Октомври”, „Климент Охридски”, наградата од градот Скопје „13 Ноември”.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Седмоодделенците ќе учат од старите учебници, нови ќе се печатат в година

По неколкудневни разговори Министерството за образование и наука (MOН) и Бирото за развој на образованието (БРО) изнајдоа решение за непречена договорено е учениците од седмо одделение од 1 септември...