среда, 13 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: Закон за заштита на сведоци | 16 резултати

Јанева: Новиот закон за заштита на сведоци ќе важи додека не се реши статусот на СЈО

ноември 16, 2017

Специјалната јавна обвинителка очекува СЈО да стане дел од Јавното обвинителство, задржувајќи го автономниот статус, а дотогаш ќе продолжи да работи на предистражни постапки кои произлегуваат од прислушуваните разговори. Ова Јанева ги изјави во „Ноќно студио“ на телевизија „Телма“, каде рече оти очекува Собранието бргу да ги усвои предлог-измените на Законот за заштита на сведоци, кои […]

СЈО: Задоволни сме од предлог-измените на Законот за заштита на сведоци

ноември 16, 2017

Специјалното јавно обвинителство е задоволно од предлог-измените на Законот за заштита на сведоци, кој наскоро треба да се најде на усвојувње во Собранието. Од обвинителството за „Мета“ велат дека во предложеното законско решение се вградени барањата и сугестиите што СЈО ги дало во текот на подготовката на предлог-законот. – СЈО беше вклучено во работната група […]

Владата ќе предложи измени на Законот за заштита на сведоци

ноември 15, 2017

Владата на Република Македонија на денешната 38 седница, донесе одлука да предложи до Собранието на усвојување предлог закон за изменување и дополнување на Законот за заштита на сведоци, информираат од владината прес-служба. Според Владата, целта на оваа предложена законска измена е да се обезбедат услови за спроведување на Законот за Јавното обвинителство за гонење на […]

Почна подготовката на Законот за заштита на сведоци што го бараше СЈО

септември 29, 2017

Министерството за правда вчера ја почнало постапката за подготовка на измените на Законот за заштита на сведоци, со кои ќе му се даде надлежност на Специјалното јавно обвинителство да учестува во постапката за заштита на сведоци, односно да бара и да предлага заштита на одредени сведоци кога тоа е неопходно за истрагата. Ова, како што […]

МВР: Ги исполнуваме обврските од планот „3-6-9“, законот за заштита на сведоци е подготвен

август 31, 2017

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека ги исполнува обврските од реформскиот план „3-6-9“ на Владата и дека дел од нив се целосно реализирани, а останатиот дел ќе бидат исполнети во предвидените рокови. Оттаму информираат дека МВР е носител на активностите кои се однесуваат на реформите во разузнавачките служби, борбата против организираниот криминал и миграционата […]

СЈО: Не ги коментираме изјавите на Груевски, очекуваме да ни се продолжи мандатот

јануари 10, 2017

Специјалното јавно обвинителство не сака да ги коментира „политичките“ изјави на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар за формирање на новата влада, Никола Груевски, кој во интервју за „Дневник“ категорично вели дека неговата партија нема да поддржи продолжување на мандатот на СЈО. „Повеќепати имаме истакнато дека не коментираме политички изјави. Што се однесува до Вашето второ прашање, […]

Трајанов: Ако Хан притисне, законите за СЈО можат да се донесат и в понеделник

октомври 13, 2016

Собранието денеска не го усвои предлогот на пратеникот Павле Трајанов на дневен ред да се стават измените на Законот за Специјалното јавно обвинителство (за продолжување на рокот за истраги) и на Законот за заштита за сведоци. За разгледување на законите во редовна постапка, како што изјави Трајанов за „Мета“, гласале сите присутни пратеници од СДСМ, […]

СЈО: Оставаме пратениците да ги решат законите, ние продолжуваме со истрагите

октомври 6, 2016

Специјалното јавно обвинителство му остава на Собранието да го реши прашањето со измените на Законот за заштита на сведоци, велат од СЈО на нашето прашање дали повторно ќе бара од актуелниот собраниски состав да ги донесе измените на Законот за СЈО и на Законот за заштита на сведоци или ќе го чека формирањето на новиот […]

Трајанов ги врати законите на СЈО за да им даде повеќе време за притисок на ЕУ и на САД

октомври 6, 2016

Поднесувањето на законите за Специјалното јавно обвинителство (СЈО) во Собранието во редовна постапка ја отвора можноста за консултации и за координација меѓу партиите во законодавниот дом, но и со гарантите на Договорот од Пржино (Европската Унија и Соединетите Американски Држави н.з.) околу прифаќањето на предложените измени. Ова е главната идеја за повторното ставање на дневен […]

Трајанов ги врати законите на СЈО пред пратениците

октомври 5, 2016

Пратеникот Павле Трајанов денеска до Собранието на Република Македонија ги поднесе предлог-измените на Законот за Специјално јавно обвинителство (за продолжување на рокот за истраги) и на Законот за заштита на сведоци за разгледување во редовна постапка. Владејачкото мнозинство вчера на пленарна седница гласаше против измените на овие закони, со што Собранието не го поддржа предлогот […]

СЈО: Без Законот за заштита на сведоци сме немоќни по некои предмети

октомври 4, 2016

Со недонесувањето на измените на Законот за заштита на сведоци, се отежнува работата на Специјалното јавно обвинителство, велат од СЈО, по денешната седница во Собранието на која владејачкото мнозинство не ги поддржа измените на Законот за СЈО (за продолжување на рокот за истраги) и на Законот за заштита на сведоци. – Недонесувањето на Законот за […]

Крпач ли беше сведокот поради кој Јанева бараше надлежност во заштитата на сведоци?

април 28, 2016

Специјалното јавно обвинителство денеска соопшти дека Коста Крпач, кој вчера беше најден мртов во неговиот стан, со прострелна рана во градите, бил сведок во една од предистражните постапки што ги води СЈО. Тој, како што соопштија оттаму, доброволно се пријавил во СЈО и соработката со него била беспрекорна. „Ова јавно обвинителство поседува докази за многу […]

Страна 1 од 1