Именувањето јавен обвинител и Законот за заштита на сведоци в сабота пред пратениците

-

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, за сабота (25 ноември) ја закажа седницата за именување нов државен јавен обвинител, функција за која Владата го предложи Љубомир Јовески.

Според календарот на седници на официјалната интернет-страница на Собранието, именувањето државен јавен обвинител е прва точка на 22. седница.

Трета точка на дневниот ред се измените на Законот за заштита на сведоци, што ги бараше Специјалното јавно обвинителство, со кои на ова обвинителство треба да му се овозможи да одлучува кој ќе биде заштитен сведок во постапките што се под негова надлежност.

Измените на Законот за заштита на сведоци, како што е наведено, треба да бидат донесени по скратена постапка.

Покрај овие, на седницата ќе се расправа и за измените на Законот за Судскиот совет, за престанок на важењето на Законот за Советот за утврдување факти и поведување постапка за утврдување одговорност за судија, за измените на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, за здравственото осигурување, за Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување и за измените на Законот за акцизите, сите по скратена постапка.

Седумнаесет дена блокада на Кожув: Ќе стоиме овде до крај, нема да дозволиме хидроелектрани

Топла јулска недела, а екипа на Мета.мк полека вози по патот кон Смрдлива Вода, местото каде што на 29 јуни имаше голем протест против изградбата на хидроелектрани на реката Дошница, чии...

Тешка сообраќајна несреќа на патот Прилеп – Градско, 11 годишно момче во критична состојба

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес изврши увид на лице место на експресниот пат Прилеп-Градско каде попладнево се случи тешка сообраќајна несреќа во која автомобил Фолксваген поло со скопски регистарски...

На училиште одлични, на испит преслаби: Што не функционира со државната матура?

Дебатата за оценувањето и точноста на државната матура во Северна Македонија е сè уште отворена. Еден од случаите што го истакнува ова е искуството на матурантот Алдин Зендели од Тетово. Иако...

Граѓаните во Франција, Германија, Италија и Шпанија поддржуваат повторно приклучување на Велика Британија во ЕУ

Десет години откако пратениците гласаа за одржување на референдум што доведе до напуштање на Велика Британија на Европската Унија, анкета покажа дека мнозинството во четирите најголеми земји-членки на блокот би го...

Седумнаесет дена блокада на Кожув: Ќе стоиме овде до крај, нема да дозволиме хидроелектрани

Топла јулска недела, а екипа на Мета.мк полека вози по патот кон Смрдлива Вода, местото каде што на 29 јуни имаше голем протест против изградбата на хидроелектрани на реката...