Собранието денеска треба да го именува новиот јавен обвинител

-

Собранието денеска ќе ја одржи 22. седница, на која прва точка на дневен ред е именувањето на нов државен јавен обвинител, функција за која Владата го предложи Љубомир Јовески, актуелен член на Советот на јавни обвинители.

На оваа седница, покрај именувањето на јавниот обвинител, на дневен ред се уште седум точки, меѓу кои се и измените на Законот за заштита на сведоци, што ги бараше Специјалното јавно обвинителство, со кои треба да му се овозможи да одлучува кој ќе биде заштитен сведок во постапките што се под негова надлежност. Измените на Законот за заштита на сведоци, како што е наведено, треба да бидат донесени по скратена постапка.

Покрај овие, на седницата ќе се расправа и за измените на Законот за Судскиот совет, за престанок на важењето на Законот за Советот за утврдување факти и за поведување постапка за утврдување одговорност за судија, за измените на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, за здравственото осигурување, за Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување и за измените на Законот за акцизите – сите по скратена постапка.

Инаку, за денеска се предвидени уште две пленарни седници. Пратениците треба да ја продолжат работата по 8. седница, на која е предлог-одлуката за именување заменици на генералниот секретар на Собранието и пет законски измени предложени од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

Потоа треба да продолжи 12. седница на која пратениците расправаат за утврдување на бројот на потпретседателите на Собранието и за измени на законите за исплата на платите во Република Македонија, за извршување и за издавање на вредносни бонови, предложени од пратеници на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Контраспин: Кога премиерот лови „забегани“

Мицкоски нема време за губење, ама ќе го чека Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ наредната година за да им се заблагодари на оние кои, според него, „забегале“ и не ја извршуваат функцијата со...

Швајцарија започнува нова Програма за соработка со РСМ

Швајцарија официјално ја започна новата Програма за соработка 2025-2028 за Северна Македонија, потврдувајќи ја уште еднаш својата долгогодишна посветеност на поддршката на демократските реформи, одржливиот економски раст и отпорноста на животната...

Идниот месец ќе се знае колку линдан остана во ОХИС и колку ќе чини чистењето

Колку точно линдан останува во малата депонија во ОХИС и колку време и пари ќе бидат потребни за нејзиното целосно расчистување ќе се знае во текот на јуни. Испитувањата на мострите...

Засолниште има, но кучиња скитници продолжуваат да ја загрозуваат безбедноста во Тетово

И покрај отворањето на засолниште за кучињата скитници во Тетово, граѓаните се уште се соочуваат со бројните кучиња по населбите. Официјалните податоци покажуваат дека во текот на изминатите четири години стотици...

Контраспин: Кога премиерот лови „забегани“

Мицкоски нема време за губење, ама ќе го чека Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ наредната година за да им се заблагодари на оние кои, според него, „забегале“ и не ја извршуваат...