fbpx
Таг: Вистиномер

таг: Вистиномер

Кај нас не делуваат никакви „европски педофилски банди“ кои киднапираат деца

Немало никакво киднапирање, ниту во Карбинци, ниту на 22-годишна девојка од Скопје. Стари вести, без да се објават фактите, се злоупотребени за да се шират познати теории на заговор за некакви си „европски педофилски банди“ кои наводно делуваат кај нас, а политичките елити им служат и им принесуваат некакви жртви. Не постојат никакви педофилски мрежи кои киднапираат деца за...

Контраспин: Само поради Уставот нема преговори со ЕУ, а друго прашање е зошто не е сменет

Во моментов може да се детектира двоен спин околу резултатите од Советот на ЕУ, односно повторното „извисување“ на земјата да ги започне пристапните преговори со ЕУ. Опозицијата, која одби да прифати да се промени Уставот, спинува кога тврди дека причината не била тоа, туку огромната корупција во власта. Власта, пак, кога оценува дека за сè е виновна опозицијата, спинува,...

Вакцините не се користат за лечење и не претставуваат отрови за деца

Вакцините, иако се алатка којашто спасува милиони смртни случаи годишно, сепак тие не се лек односно не се употребуваат за да со нив се лечат децата. Тие се превенција и заштита, и наспроти тврдењата дека се отровни, тие се многу безбедни. Вакцинацијата помага да се стават под контрола над 20 болести како туберкулоза, дифтерија, детска парализа, сипаници, заушки и многу...

Македонија подготвува свој систем за рано предупредување за исчезнати лица – ,,Најди ме”

Системот Најди ме, за рано предупредување за исчезнати лица, во С. Македонија е најавено дека ќе биде ставен во функција наскоро, откако претходно се направени подготовки. Во Србија сличен систем беше промовиран пред месец и половина, после 8 години чекање (иницијативата во Србија е од 2015 година а реализацијата во 2023 година). Така што, кога ќе се каже дека во...

Скопје не е само номинирано, туку и избрано за европска престолнина на културата во 2028 година

Скопје ќе биде европска престолнина на културата во 2028 година, заедно со градовите Чешке Будјејовице од Чешката Република и Бурж од Франција. Веста дека Бурж ќе биде европска престолнина на културата е точна, но објавата што ја анализираме, манипулира дека Скопје само било номинирано да биде престолнина на културата. Како што објаснија од Градот, според правилата на Европската комисија, во...

Спасовски никогаш не кажал дека Палевски имал дојава од МВР, па избегал

Изјавата на Спасовски којашто се цитира во текстот е целосно фабрикувана. Министерот за внатрешни работи, во ниту еден момент, на ниту една прес-конференција не кажа дека некој од МВР му дал информација на осомничениот Љупчо Палевски – Палчо, по што тој побегнал од државата, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:     Објава на социјалната мрежа Фејсбук споделува...

Видеото од дочекот на Путин во ОАЕ е објавено во повеќе светски медиуми

Видеото од дочекот на рускиот претседател Владимир Путин во Обединетите Арапски Емирати било пренесено во повеќе светски медиуми, како Телеграф, Скај њуз, Франс 24, Си-ен-ен, што значи дека истото не било забрането за емитување, како што се тврди во објавата што ја анализираме, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:     Анализираме објава на Фејсбук која споделува видео...

Скопје виа Истанбул – пеш до Баликесир!

Човекот кого министерот за внатрешни работи го посочи како главен креатор, планер, координатор и директен извршител на грозоморните убиства на тинејџерката Вања Ѓорчевска од Скопје и 74 годишниот фризер Панче Жежовски од Велес, беше  уапсен од турската полиција, додека пеш се движел по еден од автопатите кај градот Баликесир. Кој и како го израсна „чудовиштето од нашето маало“, првоосомничениот за...

Графички изменета фотографија манипулира дека на украинската униформа имало нацистички симбол

Фотографијата од објавата што ја рецензираме, на која се гледаат две лица на чии униформи има нацистички симбол, е графички изменета. Странски проверувачи на факти утврдиле дека амблемот со украинското знаме е додаден со монтажа на униформата на човекот од левата страна. А орелот, пак, на ракавот на мажот од десната страна, е копиран од униформата на мажот од...

Со фотографија стара 15 години, со која се известувало за спорот со името, се билда „руска наклонетост”

Фотографијата од објавата што ја рецензираме во 2007 година е употребена во руските медиуми и тоа во контекст на известувањето за спорот за името кој тогаш го имаа Македонија и Грција. Деловите на картата од објавата коишто се во Грција, а се означени како Западна Македонија, Источна Македонија и Централна Македонија, всушност, го претставуваат начинот на кој Грција ги...

Нема докази дека Палевски е наместен од политички непријатели

Објавата манипулира со бројни невистини. Не е точно дека на 27 април во Собранието имало операција на стратешките партнери на земјава, туку имаше инцидент за кој повеќе лица, точно идентификувани завршија во затвор. Во конкретниот кривично-правен настан каде Палевски е обвинет за две убиства и грабнување, кривичната постапка уште трае, се собираат докази. Не е точно дека тој е...

Бугарија не дозволи прелет на авионот на Лавров поради санкциите против Захарова, а не поради С. Македонија

Дел од руската делегација на министерскиот состанок на ОБСЕ во Скопје беше и портпаролката на руското министерство за надворешни работи, Марија Захарова, чие присуство во рускиот авион ја натерало Бугарија да ја отповика дозволата за прелет над нејзина територија. Но, причината никако не е билатералниот спор што постои помеѓу Македонија и Бугарија, како што алудира оваа објава на Фејсбук,...

Официјално беше кажано дека Вања била застрелана

Причината за смртта на Вања, според официјалните информации споделени од министерот за внатрешни работи, е прострелна рана, а не задушување, како што тоа сака да го прикаже објавата што ја анализираме, а која таквите тврдења ги поткрепува со „свои извори од истрагата“, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:     Анализираме објава на Фејсбук која тврди дека 14-годишната...

Украина не испраќа бремени жени да се борат со Русите

Не постојат релевантни докази кои ја поткрепуваат автентичноста на видеото. Според Центарот за стратешка комуникација основан под Министерството за култура и информативна политика на Украина за борба против дезинформации, видеото е лажно и инсценирано. Она што е факт е дека Украина не испраќа бремени жени на првата линија да се борат со Русите. Бремените жени и жените на породилно...

Вистиномер и Фондацијата Метаморфозис членки на Европската мрежа за проверка на факти

Порталот за проверка на факти и јавна отчетност и транспарентност, Вистиномер, заедно со неговиот издавач, Фондацијата Метаморфозис, станаа полноправна и сертифицирана членка на Европската мрежа за стандарди во проверката на факти (European Fact Checking Standards Network).   Потврдата за членство доаѓа по сеопфатен и обемен процес на аплицирање, кој изискуваше значителни подобрувања на самиот портал, прилагодување и обнова на постоечката методологија...

Контраспин: Спин е дека Пендаровски веќе требало да прати писмо до Ердоган во врска со Палевски

Пендаровски де факто може да прати порака до Ердоган од денеска – 12 декември, затоа што Турција дури вчера извести официјално дека го прифатиле барањето од Скопје за да започне постапка за екстрадиција и му одредиле на Палевски 40 дневен притвор, пишува „Вистиномер“. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Најголемата партија од опозицијата ВМРО-ДПМНЕ искомуницира со јавноста во врска со интервјуто...

Преку стари теории на заговор за „западните педофили“ се шират дезинформации за убиството на Вања

Објавата изобилува со добро познати теории на заговор, избегнувајќи ги притоа фактите и доказите за случајот со исчезнувањето и смртта на 14-годишната Вања, кои институциите ги презентираа во јавноста. Не е точно дека Вања ја киднапирале некакви светски педофили и за да се прикрие тоа било соопштено дека девојчето е убиено. Безживотното тело на Вања беше пронајдено во селото...

Убиството на Вања злоупотребено за заговорнички теории дека била жртва на сатанистички ритуал

Сатанистички ритуал не е споменат во ниту еден дел од досегашните сознанија на истражните органи за убиството на Вања Ѓорчевска. Во објавата се споделува комплетно непоткрепена со докази и факти теорија на заговор, како и нелогичност дека првоосомничениот за убиство и грабнување бил „наместен“ и покрај тоа што оние кои го посочија како извршител на кривичното дело убиство, самите...

Нема докази дека Палевски патувал со лажен пасош, уште помалку дека му го дал Спасовски

Тврдењето оти Спасовски издавал лажни пасоши на светски криминалци, е невистинито. За овој случај беше отворена истрага, а судот им изрече казни на 11 обвинети лица вработени во МВР. Ваквото тврдење понатаму е фабрикувано и филувано до степен да се шират дезинформации дека Спасовски му издал лажен пасош на првоосомничениот за убиствата на Вања и Панче, Љупчо Палевски. Ваквите...

Видео на Фејсбук шири невистини и шпекулации за убиството на Вања Ѓорчевска

Трагедијата со киднапирањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје, за жал, беше и сè уште е повод за изобилство на дезинформации, теории на заговор, кои неуморно се шират на социјалните мрежи. Таква е и оваа вирално видео во кое сопственикот на Фејсбук профилот преку обраќање во живо изнесува многу невистини и теории засновани на шпекулации. На пример,...

Не бев во бегство, тврди Палевски, откако му беше одреден притвор од 30 дена

„Не сум бил во бество и не смеам да зборувам поради истрагата“, изјави пред новинарите првоосомничениот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Љупчо Палевски Палчо кога со...