fbpx
Таг: Велигден

таг: Велигден

Иванов на Велигден повика да се почитуваме и да ја чуваме Македонија

Претседателот Ѓорге Иванов денеска им го честиташе Велигден на сите христијани и им порача да ја зачуваат традицијата и Македонија. „Сакам на сите христијани да им го честитам овој голем ден - Велигден, ден кога симболично животот ја победи смртта. Затоа, да се радуваме на животот, на сите добрини и убавини што тој ни ги носи - изјави Иванов, кој присуствуваше...

Димитриев: Да надвладее разумот, да се запази достоинството на народот

Во моменти кога имаме силна политичка поларизација, треба да надвладее разумот, да се запази достоинството во постапките и во комуникацијата меѓу себе, порача денеска од Штип техничкиот премиер Емил Димитриев, каде присуствуваше на велигденската литургија во централниот храм на Брегалничката епархија „Свети Никола“ во Штип. - Република Македонија во историјата преживеала многу премрежиња, ќе го преживее и ова и ќе...

Верници и други љубопитници ги исполнија изминатата ноќ црквите во Охрид

Многуилјаден народ, верници и други љубопитници, ги исполнија изминатата ноќ сите цркви во Охрид. Сепак, радосната вест за Христовото воскресение, најавена со биењето на камбаните, синоќа на полноќ, најбројните ја дочекаа во Светиклиментовиот храм, „Св. Пантелејмон“ на Плаошник. Со празничната богослужба чиноначалствуваше митрополитот дебарско-кичевски г. Тимотеј, кој им ги честита велигденските празници на бројните верници. Во долгите поворки, покрај охриѓани имаше голем...

СДСМ: Големите промени не се лесни и не се случуваат наеднаш

Празниците како овој голем христијански празник, Христовото воскресение - Велигден, се поттик да се потсетиме на нашите должности како граѓани, се вели во денешното соопштение од СДСМ. „Тоа значи грижа за себе, но и почит, грижа и разбирање и за луѓето со кои го споделуваме животот. И одлучност за развој на државата во која живееме, во општество каде секој може...

Христијаните денеска го слават Велигден

Христијаните од православна и од католичка вероисповед денеска го слават најголемиот христијански празник, Велигден - Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Камбаните точно на полноќ го навестија Воскресението Христово Велигден. Веста за Христовото воскресение ја објавија свештениците и архиереите на богослужбите во сите цркви и манастири на Македонската православна црква (МПЦ)...

Атмосферата во Охрид како во главната туристичка сезона

Продолжениот четиридневен празничен викенд за Велигден, го наполни Охрид, кој оддава слика како да сме сред главната туристичка сезона. Најбројни се домашните гости, но насекаде се присутни и странците. Покрај од Скопје, гости има и од Битола, Прилеп, Тетово и од други македонски градови. Традиционално, голем број дојдоа од регионот. Бугарија, Србија, Албанија, Црна Гора, но има гости и од...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и на Велика сабота го лаже и го манипулира сопствениот народ

СДСМ и на Велика сабота, ден пред најголемиот христијански празник Велигден, не пропушти да испрати соопштение со кое го лаже и го манипулира сопствениот народ, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на денешното утринско соопштение од СДСМ. „Оваа партија во континуитет со своето дејствување го навредува сопствениот народ, традиционалните вредности градени со векови и сопствената држава. СДС е партијата која премолчено ја прифати...

Иванов им го честита Велигден на христијанските верници

Претседателот Ѓорѓе Иванов на верниците им го честита големиот христијански празник Велигден и порача во деновите кога го славиме победителот на смртта да се присетиме дека Христовото воскресение е основа на спасението. „Со овој чин Спасителот ни дарува слобода во љубовта, избавувајќи нè од смртта и дарувајќи ни живот. Затоа, Пасха, како што уште се нарекува Христовото воскресение, значи премин...

СДСМ: Граѓаните да бидат спокојни за празникот, мнозинската волја ќе се испочитува

„Граѓаните да бидат спокојни во овие празнични денови. Многу бргу во Македонија ќе се живее во демократија, слобода, еднаквост, вредностите што граѓаните ги избраа на последните избори“, порачаа СДСМ во редовното утринско соопштение. Од партијата истакнуваат дека насилничката реторика, заканите и криминалите ќе бидат заменети со квалитетен живот за сите и со правда. „Мнозинството граѓани се одлучија за заедништво и за...

Охрид „чести”: Велигденско бесплатно паркирање за гостите од земјата и од странство

Охрид се полни со гости, за што потврда се од синоќа осветлените прозорци и полните паркиралиштата, пред зградите од населбите што од охриѓани од милост ги прекрстиле во Карпош 3 и Карпош 4. За сите гости, Охрид, преку ЈП „Билјанини извори“, чести 4 дена велигденско бесплатно паркирање насекаде во градот. Четирите неработни дена од продолжениот празничен велигденски викенд, во Охрид ќе ги...

Николовски: Земјоделците и нивните семејства ќе го дочекаат Велигден без пари

„Освен што се блокирани сите процеси во државата, и граѓаните се економски загрозени. Меѓу нив се земјоделците кои сè уште не ги имаат добиено субвенциите за минатата година, а многумина од нив и за претходните неколку години“, изјави на прес-конференција пратеникот на СДСМ, Љупчо Николовски. Тој додаде дека поради несериозноста и неодговорноста на раководството на ВМРО-ДПМНЕ и на нивните пратеници,...

Охрид и Струга очекуваат десетици илјади гости за велигденските празници

Охрид и Струга за велигденските празници очекуваат најмалку десетина илјади туристи од земјата и од странство. Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, вели дека побарувачката за Охрид никогаш не била поголема од годинава. Според него, велигденските празници ќе бидат првиот тест и најава за успешна летна туристичка сезона. Според христијанската православна традиција, велигденските јајца се вапсуваат во четврток, но локалната самоуправа...

Изложба во Охрид за историјатот на украсувањето велигденски јајца во Русија

Изложба насловена „Историјат на украсување и на бојадисување велигденски јајца во Русија од древноста до колекцијата ’Фаберже’“, денеска ќе биде отворена во НУБ „Григор Прличев“ во Охрид. Изложбата е посветена на празникот Велигден, а посетителите ќе имаат можност да слушнат и предавање за историјата и за современите тенденци на уметноста на украсување јајца. Исто така, публиката ќе може да учествува во работилницата за...

Голем пад на велигденскиот профит во Грција

Грчките трговци годинава забележаа нов пад во велигденскиот профит. Претседателот на грчката конфедерација на трговци, Василис Коркидис, истакна дека годинешниот велигденскиот профит на грчките трговци е за 7 отсто понизок од лани. Во суштина, трговците бележат загуба од 180 милиони евра во споредба со 2015 година. За велигденскиот профит не помогнаа ниту одлуката да нема поскапување на цените, ниту велигденското работно...

Обама со честитка до православните христијани

Честитка до сите христијани од православна вероисповест во Америка и во светот упати претседателот на САД, Барак Обама. „Мишел и јас би сакале да упатиме честитки до членовите на православната христијанска вера во Америка и секаде во светот по повод празнувањето на Велики петок, Велигден и завршувањето на велигденските пости. За православните христијани, ова е момент да се потсетат на Исусовата...

Ахмети им го честита Велигден на православните христијани

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, упати честитка по повод Велигден до православните верници. „Имам чест и задоволство, во име на сите нас од Демократската унија за интеграција и во мое лично име, искрено да ви честитам по повод големиот празник Велигден, со најискрени желби за благосостојба и за добро здравје. Задоволството е двојно кога ќе се сетам дека оваа честитка им...

Димитриев: Македонија да се надмине себеси и политичката криза

Премиерот за спроведување на изборите, Емил Димитриев, од велигденската богослужба во храмот „Свети Никола“ во Штип повика на обединување, духовно смирување и на разум на сите Македонци дома и во дијаспората. - Посакувам овој празник да донесе кај сите семејства повеќе љубов и разбирање и со оние што можеби имале недоразбирање во минато. Да надвладее разумот и позитивната мисла во...

Православните христијани го слават Велигден

Камбаните точно на полноќ во целата земја го навестија Воскресението Христово Велигден. Веста за Христовото воскресение ја објавија свештениците и архиереите на богослужбите во сите цркви и манастири на Македонската православна црква (МПЦ) во земјава и во светот. Христос воскресна, навистина воскоресна! Со овие зборови од вечерва по полноќ православните верници во земјава го честитаат најголемиот христијански празник, Христовото воскресение, Велигден. Најголемиот...

Полицијата во Охрид најави зголемени мерки на безбедност

Продолжениот велигденско-првомајски викенд во Охрид го користат повеќе илјади гости од земјата и од странство. Дека е градот солидно исполнет, можеше да се види денеска, кога затолпувањето на времето ги наполни терасите од рестораните, градскиот кеј, старата охридска чаршија, сите шеталишта и крајезерскиот кеј. Најголемиот број од гостите се од земјата, но ги има и од соседството, од Србија, Бугарија, Грција,...

Сојуз на земјоделци: Јагнешкото месо со ниски откупни цени

Во пресрет на Велигден, јагнешкото месо се продава по цена од 120 денари за еден килограм, реагираат од Сојузот на земјоделци. Според нив, цената е најниска споредувајќи ги последниве неколку години, кога јагнешкото се продаваше по 160 денари за килограм. Сточарите не можат да ги покријат трошоците, голем дел од нив се во загуба. Проблемот може да се надмине ако...

Очајна екипираност – во просек еден обвинител има по 180 нови предмети годишно

Во просек, на годишно ниво секој јавен обвинител од основно обвинителство работел на по околу 180 нови предмети, покажува Годишниот извештај за работата на јавните обвинителства за 2023 година...