fbpx
Таг: увоз

таг: увоз

Србија ќе воведе контрамерки за увоз на брашно од Македонија

Србија утре ќе воведе контрамерки за увоз на брашното од Македонија, како одговор на Правилникот за увоз на брашно од македонска страна, кој стапи на сила на 8 февруари. „Не можеме повеќе да чекаме, освен купување на време од нивна страна не видовме никаква подготвеност за решавање на проблемот“, изјавил министерот за трговија на Србија, Расим Љајиќ, кој најверојатно, утре ќе...

Кочовски: Македонскиот челик не е директно погоден од тарифите кои ги најави Трамп

Најавата за воведување на увозни тарифи за челични и алуминиумски производи од страна на американскиот претседател Доналд Трамп за Соединетите Американски Држави нема најдиректно да ги погоди македонските производители, бидејќи тој пазар не им е таргет, изјави за „Мета“ претседателот на Здржението на металургија при Стопанската комора на Македонија и директор на „Макстил“, Митко Кочовски. Но како што објасни, со воведувањето на овие...

АХВ со засилени контроли на увозот на бразилско месо

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) информира дека, на бразилската компанија „Сеара алиментос“ (Seara Alimentos LTDA) која извезува месо и во Македонија, и е одземена лиценцата за извоз и е избришана од регистарот на овластени извозници на месо од Бразил. АХВ информацијата ја добила преку Министерството за надворешни работи, каде што пристигнало известување од дипломатско-конзуларното претставништво на Федерална Република Бразил во...

Кина годинава ќе биде поголем увозник на гас од Јапонија, поради борбата со загадувањето

Поради борбата со загадениот воздух, Кина оваа година може да ја надмине Јапонија во увоз на природен гас. Кина, која е најголем увозник на нафта и јаглен, е трет најголем потрошувач на природен гас, по САД и Русија и 40 проценти од потребите за гас ги подмирува од увоз, бидејќи домашното производство не може да ја задоволи побарувачката. Кинескиот увоз на гас минатата...

Азески: Не постои безболен премин од задолжена економија кон одржлив пораст

Планот за економски пораст преточен во неколку мерки, кој го промовираше Владата, генерално ги содржи насоките и барањата на деловната заедница за кои што Стопанската комора на Македонија, постојано имаше свои предлози и укажувања до креаторите на економската политика, вели претседателот на Стопанска комора на Македонија (СКМ), Бранко Азески во новогодошното интервју за СКМ. „Мерките во Планот за економски пораст се креирани и координирани од...

Стапката на пораст на БДП во третото тримесечје изнесува само 0,2 проценти

Стапката на пораст на домашниот бруто-производ (БДП) за третото тримесечје од годината изнесува 0,2 проценти. Во овој период, најголем пораст е забележан во секторите трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила и мотоцикли, транспорт и складирање и друго. Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во третото тримесечје од 2017 година номинално се...

ЕЛЕМ ќе купува струја за грејната сезона

ЕЛЕМ денеска ќе распише повик, а на 10 октомври ќе биде одржана аукција за купување на 29,7 гигават-часови електрична енергија. „Електричната енергија што е планирана да се купи во октомври е наменета за ноември, кога ќе биде зголемена побарувачката поради грејната сезона. Производството на ЕЛЕМ во тој период ќе биде недоволно поради тоа што еден блок на РЕК Битола сè уште ќе биде...

Извозот во првите осум месеци поголем за 13,2 проценти во однос на лани

Во периодот од јануари до август 2017 година, извозот изнесувал 3.530.976.000 долари и бележи пораст од 13,2 проценти во однос на истиот период од лани, објави Државниот завод за статистика. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 4.777.516.000 долари, што е за 8,6 проценти повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит во првите осум месеци изнесува 1.246.540.000...

ВМРО-ДПМНЕ: Барањето алиби за увоз на струја е погрешен потег

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ реагира на прес-конференцијата на генералниот директор на АД ЕЛЕМ, Драган Миновски, за која од партијата велат дека е обид на Владата да се „испере за скандалозните тендери во ЕЛЕМ, кои ги добиваат фирмите на вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев“. „Барањето алиби за увоз на електрична енергија со однапред познат увозник е погрешен потег. Доколку новото раководство на...

Домашниот бруто-производ со пад од 1,8 отсто во второто тримесечје

Домашниот бруто-производ (БДП) има пад од 1,8 отсто во второто тримесечје во однос на првото, објави Државниот завод за статистика. Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во второто тримесечје има номинален пораст за 6 проценти, а нејзиното учество во структурата на домашниот бруто-производ изнесува 70,7 отсто. Во истиот период, извозот на стоки и на услуги се зголеми...

Хрватска и официјално објави дека го повлекува новиот правилник за увоз

Веста за повлекување на новиот и за враќање на стариот правилник за увоз на овошје и на зеленчук, е објавена на официјалната веб-страница на Министерството за земјоделство на Хрватска, информираат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ). Со враќањето на стариот правилник, трошоците за контрола на квалитет на овошјето и на зеленчукот од трети земји остануваат 12 евра по производ. - Одлуката...

НБРМ: БДП стагнира наспроти очекувањата за умерено зголемување

Домашниот бруто-производ (БДП) стагнира, наспроти очекувањата за умерен економски пораст во априлскиот циклус на проекции, велат од Народна банка. Надолен ефект врз БДП имал послабиот пораст на личната потрошувачка од очекуваниот, како и негативниот придонес на нето-извозот кон порастот, наспроти очекувањата за негов позитивен придонес во првиот квартал од годината. „Од друга страна, динамиката на инвестициската активност беше нешто подобра од очекуваната. Од...

Субвенциите за инвеститорите ќе зависат од висината на нето-платата, најави Анѓушев

Субвенциите што странските инвеститори ќе ги добиваат од државата ќе зависат од висината на нето-платата што им ја исплаќаат на вработените, најави денеска вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев. Тој изјави дека сите инвеститори досега имале два договора, од кои едниот бил за инфраструктура, односно за добивање земјиште и за градење хала, додека вториот договор бил за доделување директна финансиска помош од државата. -...

Пемова: Да престане увозот на праски и да се зголемат субвенциите

Доделувањето 6 денари за еден килограм праски предадени кај откупувачите во суштина значи никаква поддршка зашто откуп воопшто нема, а кога нема откуп, тоа значи дека земјоделците не предаваат праски за да добијат дополнителна поддршка, порача на прес-конференција во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ пратеничката Весна Пемова. Таа реагираше на денешната најава на министерот за земјоделство Љупчо Николовски, кој посочи дека се размислува за воведување...

СКМ: Производството во земјоделството се намалува, причина се лошите политики

Во првиот квартал од годината, извозот на земјоделски и прехранбени производи изнесуваше 57,5 милиони евра, што претставува намалување за 13,5 проценти во однос на истиот период лани, информираа од Стопанска комора на Македонија (СКМ). Во истиот период, за 14 отсто намален е и откупот на домашните производи. Во првите три месеци од годината, увозот на земјоделски и прехранбени производи е...

Европска комисија ни предвидува пораст на БДП од 2,9 отсто за годинава

Европската комисија во својата пролетна економска прогноза за Македонија вели дека лани порастот на домашниот бруто-производ (БДП) забавил поради долгото траење на политичката криза, но и поради падот на инвестициите. За годинава, пак, прогнозира пораст на БДП од 2,9 отсто. Во прогнозата, исто така, се вели дека институциите се блокирани за спроведување на структурните реформи и дека јавниот долг не...

Во првите три месеци, извозот и увозот зголемени за 10 отсто во однос на лани

Извозот во првите три месеци од годинава изнесува 1.202.883.000 долари и бележи пораст од 10,7 проценти во однос на истиот период лани, објави Државниот завод за статистика. Во истиот период, увозот изнесува 1.655.213.000 долари, што е за 10,5 проценти повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-март 2017 година, изнесува 452.330.000 долари. Трговската размена по производи...

Извозот и увозот во првите два месеци се зголемени во однос на лани

Извозот на стоки од Македонија, во периодот јануари-февруари 2017 година, изнесува 747.106.000 долари и бележи пораст од 7,2 проценти во однос на истиот период лани, објави Државниот завод за статистика. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 1.014.149.000 долари што е за 10,8 проценти повеќе во споредба првите два месеци лани. Трговскиот дефицит, во периодот јануари- февруари 2017 година, изнесува 267.043.000 долари. Трговската...

Германија со рекорден трговски суфицит во 2016 година

Извозот на стоки на Германија минатата година се зголемил на рекордно ниво благодарение на зголемената побарувачка од земјите на Европската Унија, што придонело за зголемување на трговскиот суфицит на земјата на рекордно ниво од 252,9 милијарди евра, соопшти денеска германската сојузна канцеларија за статистика, јавуваат светските агенции. Минатата година најголемата европска економија извезла стоки во вредност од 1.207,5 милијарди евра, односно...

ЕЛЕМ: ТЕЦ Осломеј не откажала ниту, пак, е исклучена поради дефект

„Не е точно дека ТЕЦ Осломеј откажала ниту, пак, е исклучена поради дефект. Овој капацитет во изминатиот период на зголемен потрошувачки конзум и потреба од електрична енергија, во целост одговори на потребите на тарифните потрошувачи“, се вели во реакцијата на ЕЛЕМ на соопштението на СДСМ. - Основна причина зошто капацитетот е надвор од електроенергетскиот систем е намалената потрошувачка на електрична енергијa....

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...