fbpx
Таг: увоз

таг: увоз

Стапката на пораст на БДП во третиот квартал е три проценти

Стапката на пораст на домашниот бруто-производ (БДП) во третиот квартал изнесува три процeнти, објави Државниот завод за статистика. Во третото тримесечје од 2018 година, најголем пораст од 17 проценти е забележан во секторите уметност, забава и рекреација, други услужни дејности, дејности на домаќинствата како работодавачи и друго. Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата номинално расте...

Новиот систем за обработка на царински декларации ќе стартува кон средината на 2019

Царинската управа го прифати новиот систем за обработка на царински декларации и акцизни документи (СОЦДАД) кој ќе ја замени досегашната (АСИКУДА). На овој начин, како што информираат од Царинската управа, започнува дигиталната ера во оваа институција, за која се подготвувале пет години. „Новиот систем има за цел да ги замени царинските постапки што се базираат на хартија со електронски постапки. На...

Увозот на стари возила двојно поголем поради стравот од нови прописи (инфографик)

Драстично зголемен, во некои моменти и двапати поголем, бил увозот на користени возила во првите седум месеци од годинава во однос на истиот период во 2017 година, а ова количество на увезени стари автомобили, автобуси и товарни возила од јануари до јули годинава е многу блиску до количеството увезени возила во целата мината година. Тоа го покажуваат бројките објавени...

Извозот во првите осум месеци зголемен за 24,3 проценти

Извозот во првите осум месеци изнесува 4.428.642.000 долари и бележи пораст од 24,3 проценти во однос на истиот период лани. Вредноста  на увeзената стока, во истиот период, изнесува 5.885.969.000 долари што е за 21,4 проценти повеќе од лани. Трговскиот дефицит, во првите осум месеци од годината изнесува 1.457.327.000 долари. Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите...

Се увезува ориз од Грција наместо да се произведе во Македонија

Кочанско поле и годинава се очекува да даде принос од околу 15.000 тони на ориз, засаден на близу 3.000 хектари. Повеќе ќе се увезе, главно од Грција, велат производителите. Па така, во пакувањата под име „кочански ориз“ ќе јадеме грчки ориз, чие производство е поефтино, благодарение на финансиските олеснувања со европските субвенции. - Нашиот ориз не е конкурентен поради високата...

Економијата закрепнува, пораст од 3,1 процент на БДП во вториот квартал

Стапката на пораст на бруто-домашниот производ (БДП) за второто тримесечје од 2018 година е 3,1 проценти, објави Државниот завод за статистика. Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во второто тримесечје од 2018 година, номинално расте за 3,2 проценти, а нејзиното учество во структурата на БДП изнесува 69,6 проценти. Во истиот период, извозот на стоки и...

Размената со Русија падна за 13 проценти, причините не се политички туку економски

Трговската размена помеѓу Македонија и Руската Федерација бележи опаѓање од 12,7 отсто, што е помалку за 9,3 милиони долари во однос на истиот период од минатата година, беше истакнато на трибината на Македонско-руската стопанска комора и еднодновната обука на тема „Особености на рускиот пазар и стратегија на успех (потенцијал, можности, реализација)“. Исто така, загрижувачки е што македонскиот извоз е намален за...

АХВ забрани увоз на свињи и свинско месо од Бугарија, поради африканска свинска чума

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги засили мерките за надзор и контрола на болеста африканска свинска чума, по добиената потврда на 31 август дека оваа болест е присутна во селото Тутраканци во реонот на Варна, Бугарија, информираат од АХВ. „Агенцијата донесе решение за забрана за увоз и транзит на свињи, производи и нус-производи од свинско месо од регионот во...

Извозот во првите шест месеци со пораст од 26,5 проценти

Во првите шест месеци, извозот бележи пораст од 26,5 проценти и изнесува 3.323.298.000 долари, објави Државниот завод за статистика. Вредноста на увезената стока во истиот период изнесува 4.441.172.000 долари и бележи пораст од 24 проценти. Трговскиот дефицит, во првите шест месеци е 1.117.874.000 долари, a pокриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари – јуни 2018 година, изнесува 74, 9 проценти. Во увозот...

МЗШВ прави анализа на штетите од царината на земјоделските производи за извоз на Косово

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во овој период активно работи на заедничкиот Меморандум за соработка помеѓу македонското и косовското Министерство за земјоделство, кој што треба да придонесе за олеснување на трговската размена помеѓу двете земји, информираат од МЗШВ. „Одлуката од страна на Владата на Косово за воведување времена мерка за воспоставување на зголемена царина од 30 отсто за одредени...

ЕУ се заканува со царина од 300 милијарди долари кон САД

Царинската „војна“ помеѓу Европската унија и САД се заострува, бидејќи Брисел се заканува на Вашингтон со воведување на царина во износ од 300 милијарди долари на американскиот увоз. Тоа ќе биде одговор на заканата на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување на царината за увоз на автомобили од Европа. ЕУ ги предупредува САД дека воведувањето на таквата царина ќе биде штетно...

ЕУ со реципрочни мерки кон САД, воведува царина за американски производи

Европската унија соопшти дека од јули почнува со воведување царини на увоз на американска стока, како одговор на одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да воведе царини на увоз на челик и на алуминиум од Европа. – Листата на американски производи за кои ќе се воведе царина ќе биде готова овој месец и ќе се применува од почетокот на јули,...

Извозот во првите четири месеци со пораст од 31,5 проценти

Извозот на стоки од Македонија во првите четири месеци од годинава бележи пораст од 31,5 проценти во однос на истиот период лани, објави Државниот завод за статистика. Извозот во првите четири месеци од годинава изнесувал 2.176.646.000 долари, а увозот 2.954.810.000 долари и бележи пораст од 28,8 проценти. Трговскиот дефицит изнесува 778.163.000 американски долари. Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари-април 2018,...

Земјите погодени од одлуката на Трамп за оданочување на челикот, најавија контрамерки

Европските лидери реагираа остро на одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп, за воведувањето на данок на увоз на челик и алуминиум од земјите-членки на Европска унија, Канада и Мексико. Земјите кои се погодени од оваа одлука, која денеска стапува на сила, најавија контра-мерки. Францускиот претседател Емануел Макрон во телефонски разговор со Трамп, овие даноци ги опшал како „илегални“. Макрон исто...

Кина воведе царина од 25 отстo на 128 американски производи

Кина воведе царина од 25 отсто на 128 американски производи вклучувајќи ги и свинското месо и виното, како реципрочна мерка на САД за царината за увоз на челик и алуминиум од Кина. Зголемувањето на царината стапува на сила денеска и ќе влијае на увозот кој изнесува околу три милијарди долари. Пекинг информира дека овој потег ќе ги заштити кинеските интереси и...

Во Москва прославена 13-годишнината од Македонско-руската стопанска комора

Македонско-руската стопанска комора и нејзината активност во сите овие изминати години придонесе за пораст на економската соработка меѓу двете земји и за успешен влез на низа македонски производи на рускиот пазар, рече Димитри Бистров регионален директор на одделот за Меѓународна соработка на Стопанската комора на Руската федерација, со која Македонско-руската стопанска комора има партнерски однос. На одбележување на 13-годишнината од основањето...

Царинската управа ќе го поедностави системот на извозни, увозни и транзитни дозволи

Поедноставување на системот за извозни, увозни и транзитни дозволи е една од темите на која се разговара на работниот состанок во просториите на Царинската управа, од 19 до 23 март реализиран со поддршка на Проектот за регионален економски развој финансиран од УСАИД. „Од работниот состанок се очекува да произлезат корисни совети и препораки за идните активности на поедноставување на постапките и...

Засилени контроли на квалитетот и безбедноста на јајцата пред Велигден

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги зајакна инспекциските контроли на квалитетот и безбедноста на јајцата, во пресрет на Велигден кога и потрошувачката е најголема. - Покрај контролите на магацините, зајакнати контроли се спроведуваат и на граничните премини, при увоз, со цел на граѓаните да им се понуди безбеден и квалитетен производ. Секоја недоследност во поглед на овој прехранбен производ граѓаните и...

Половина од увезениот цемент под стандардите, градежниците бараат контрола

Производителите на градежни материјали бараат поголема контрола на увезените цемент и арматура и заштита на домашното производство, изјави денеска претседателот на Здружението на градежништво, индустрија на градежни материјали и неметали при Стопанска комора, Андреа Серафимовски. Тој додаде дека, неколку компании на свој трошок, го тестирале квалитетот на увезените градежни производи на случаен примерок и утврдиле дека, 50 отсто од испитаниот цемент...

Надминат проблемот со увозот на брашното од Србија, Љајиќ и Николовски постигнаа договор

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски и српскиот  министер за трговија, Расим Љајиќ кој денеска беше на работен состанок во Скопје, потпишаа Договор согласно кој, за брашно од 1,2 и 5 килограми маркичките ќе се лепат во Србија, а за пакувања од 25 и 50 килограми маркичките ќе се лепат во Македонија. На овој начин, Николовски и Љајиќ...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...