fbpx
Таг: увоз на возила

таг: увоз на возила

Бројот на возила лани го премина прагот од 500.000, просечната старост на колите рекордни 19,4 години [инфографик]

Продолжува да расте бројот на регистрирани возила во патничкиот транспорт во земјава, а заедно со нив и просечната старост, која е особено загрижувачка кај автомобилите. Во 2020 година, земјава за првпат во својата историја забележа над половина милион регистрирани патнички моторни и приклучни возила, односно вкупно 500.633 автомобили, автобуси, камиони, мотори, трактори и други моторни возила. Во Македонија лани...

Возилата растечки предизвикувач на климатските промени, властите со мерки ќе мора да пресечат [инфографик]

Постојаното зголемување на бројот на возила на улиците, огромниот наплив на стари возила од странство, намалувањето на бројот на патници во јавниот превоз и на корисниците на велосипедот, како и неразвиената железница предизвикуваат Македонија да се соочува со проблеми со емисиите на стакленички гасови од транспортот. Наместо да се намалува испуштањето на штетните гасови кои се предизвикувач на климатските...

Повеќе од двојно зголемен увозот на половни возила во првото полугодие од годинава [инфографик]

Увозот на половни возила од странство не само што не се намалува, туку во првото полугодие од годинава е забележано повеќе од двојно зголемување на бројот на внесени стари возила во Македонија. Според податоците на Царинската управа на РСМ, импортерите на стари возила успеале да внесат 20.505 половни возила во периодот јануари-јуни 2021 година, додека како нови неупотребувани возила...

Се работи на измените, но нема датум од кога ќе биде забранет увозот на возила со под ЕУРО 5 стандарди

Министерството за економија во моментов ја изработува анализата која ќе треба да ги даде податоците за промена на Правилниците за зголемување на стандардите за увоз на возила од странство, односно да се укине увозот на половни возила во земјава со под ЕУРО 4 стандардот, информираат за „Мета.мк“ од ова министерство. И покрај ова, од Министерството за економија немаат конкретен датум...

Поради најави за блокади од опозицијата, еколошката такса во Собрание ќе оди со европско знаменце

Владата на РСМ го доставила предлогот за еколошка такса на нафтените деривати како Закон кој треба да се усогласи со правото на Европската Унија, користејќи го европското знаменце. На овој начин, самиот закон би се донел во значително побрза постапка, бидејќи опозицијата колку и да достави амандмани за да го блокира неговото донесување, дебатата во собраниската комисија не може...

Продолжува увозот на стари возила под Еуро 5 стандардите, Министерството за економија во мај ќе прави анализи

Увозот на половни возила со под Еуро 5 стандард на емисија на издувни гасови ќе продолжи во земјава и во наредните месеци. Од Министерството за економија немаат конкретен датум кога ќе се изменат правилниците со нови технички барања и спецификации за увоз на половни возила од странство, ниту пак имаат определено конкретен рок од кога ќе се забрани увозот...

За аерозагадување секој зборува, електрични возила ретко кој користи [мултимедија]

Користењето на автомобили во Македонија постојано расте, за сметка на опаѓањето на интересот на патување со јавен превоз во градските средини, како и опаѓачкиот број на патници во меѓуградските возови и автобуси. Стапката на моторизација на населението во 2019 година достигна 205,2 патнички автомобили на 1.000 жители, иако веќе цела деценија наназад над 80 отсто од она што македонските...

Властите се далеку од реализација на идејата сите службени возила да бидат на електричен погон

Веста за целосната замена на службените возила на американската администрација со нови возила на електричен погон помина стихијно во Македонија. Во функција на исполнување на климатската агенда на новата влада на САД, американскиот претседател Џо Бајден ја донесе одлуката за замена на речиси 650.000 службени возила со возила на електричен погон. Иако не е поставена прецизна временска рамка и...

Увозот на електрични автомобили во последните четири години во земјава рамен на статистичка грешка [инфографик]

Сите зборуваат за електрични автомобили во земјава, но ретко кој вози еден таков автомобил по македонските патишта. Според податоците до кои дојде „Мета.мк“ од Царинската управа, во Македонија досега биле увезени 3.345 хибридни автомобили и само 134 електрични автомобили. Учеството на новите и половните електрични автомобили што се увезени во земјава од 2017 до 2020 година е само 0,1...

Возилата со странски таблички од утре ќе може да се регистрираат во земјава

Министерството за економија го донесе Правилникот за поединечно одобрување на возила, по што од утре ќе може да стартува регистрацијата на возилата со странски регистарски таблички во земјава. Ова денеска го изјави министерот за економија Крешник Бектеши, кој во изјава за медиумите рече дека со усвоениот закон се предвидувало да се донесат соодветни правилници, кои се веќе завршени. Инаку, имплементацијата...

За деценија и пол, потрошувачката на дизел горивото во транспортот во земјава тројно зголемена [инфографик]

Македонија за само 15 години успеала за повеќе од три пати да ја зголеми потрошувачката на дизел горивото во патниот сообраќај, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Автомобилите, камионите, автобусите и другите моторни возила во земјава се насочиле кон употребата на дизелот, иако развиените европски земји веќе определуваат конкретни датуми за забрана на продажбата на нови возила на...

Бектеши: Во земјава годинава ќе се забрани увозот на половни возила со стандард под ЕУРО 5

Министерот за економија Крешник Бектеши вчера на конференцијата „Визија за енергетска транзиција 2040“ најави дека годинава ќе се забрани увозот на половни возила со под ЕУРО 5 стандард на емисија на издувни гасови. „Оваа година би требало да се зголеми стандардот за увоз на возила во нашата држава. А, во однос на мерки ние веќе спроведуваме неколку мерки за вградување...

Крајна дестинација за старите машини: Лани увезени 29.052 автомобили, над 80 отсто од нив половни [инфографик]

Ниту корона кризата, ниту аерозагадувањето во градовите, ниту новиот данок на половни возила не успеаја да направат промени кај увозот на автомобили во Македонија. Како и во изминатите години, и во 2020 година над 80 отсто од увезените автомобили биле половни, кои претходно биле набавени на старо од европските земји. А токму развиените земји, од година во година воведуваат...

Наместо стимулирање на набавка нови возила и премин на плин на половните, државата презема спротивни мерки

Не постојат субвенции за граѓаните за набавка на електрични или хибридни возила во државниот буџет за 2021 година, средствата за субвенционирање за вградувањето на уреди за плин во старите возила се проектирани на само 210.000 евра за наредните 12 месеци, еколошките налепници за возилата не профункционираа ниту оваа зимска сезона, а не постои ниту рок кога би се вовеле...

По скратена постапка, во Собрание помина законот за намалени давачки за регистрација на странски возила

Собранието на РСМ вчеравечер по скратена постапка го усвои Законот за регистрација на возила со странски регистарски таблички. Со овој закон, сите возила кои влегле во земјава до 1 октомври 2020 година со странски регистарски таблички, ќе може во рок од една година да се регистрираат со намалени давачки од 50 отсто од утврдената вредност на сите давачки кои...

Еколозите негодуваат, Владата вели намалените давачки за регистрација на возила нема да влијаат на аерозагадувањето

Бурни реакции од еколозите предизвика вчерашната владина седница, на која беше утврден текстот на Предлог-законот за регистрација на возила со странски регистарски таблици, со кој целта е да се регистрираат возилата со странски таблици со намалени давачки до 50 отсто од утврдената вредност на сите давачки кои се наплатуваат при увоз на возила од страна на надлежните државни органи. Од...

Полицијата за два месеца изрекла 527 казни за техничка неисправност на возила за превоз на патници [инфографик]

Министерството за внатрешни работи (МВР) само во текот на септември и октомври годинава изрекло 527 глоби поради техничка неисправност на возилата со кои се врши превоз на патници, информираат за „Мета.мк“ од МВР. Во двата месеца биле спроведени контроли над возилата со кои се врши јавен превоз на патници (автобуси, такси возила, комбиња) во меѓуопштинскиот и во градско-приградскиот превоз...

Сезоната на аерозагадување пристигна, еколошките налепници на возилата не профункционираа

И по две години поминати од првичните најави, еколошките налепници на возилата во земјава не профункционираа. Од Министерството за економија за „Мета.мк“ потврдија дека црвените, жолти и зелени налепници кои требаше да ги класифицираат возилата според степенот на испуштање на издувни гасови во моментов не се функционални. Од ова министерство побаравме информација што се случува со донесувањето на подзаконските...

Увозот на половни возила опаднал за 42 отсто, Царината вели ќе се намали аерозагадувањето

Царинската управа на РСМ информира дека увозот на употребувани моторни возила во државата во првите 9 месеци е значително намален. Ако лани во овој период биле увезени над 26.000 половни патнички возила, во периодот на оваа година се увезени околу 11.000 возила, што претставува намалување од 42 отсто. „Падот на увозот на половни возила во најголем дел е резултат од...

Увозот на половни возила не запира: ООН потврдува дека се значаен извор на аерозагадување [инфографик]

Првиот глобален Извештај за влијанието на половните возила врз животната средина „Половни возила и животната средина“ на Програмата на Обединетите Нации за животна средина (УНЕП) дава загрижувачки податоци за извозот на автомобилскиот крш во неразвиените земји и земјите во развој, меѓу кои е и Северна Македонија. Дури 14 милиони половни возила биле извезени низ светот во периодот од 2015...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...