fbpx
Таг: Урсула фон дер Лајен

таг: Урсула фон дер Лајен

Претседателката на Европската комисија фон дер Лајен денеска пристигнува во Скопје

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен попладнево ќе пристигне во официјална посета на земјава и од овде ќе ја започне својата четиридневна посета на Западен Балкан. Фон дер Лајен вечерва ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски, од чиј кабинет најавија дека приемот на претседателката на Европската комисија е закажан за во 18 часот и 45 минути. За утре...

Мицкоски, кој не е поканет на средба со Фон дер Лајен, од посетата очекува безусловен почеток на преговори

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски изјави дека очекува од посетата на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен таа да излезе со позиција дека Македонија ќе добие безусловен почеток на преговорите со ЕУ. „Ценам дека на тој начин ќе се оддаде признание и на државата и на граѓаните за сето она што го направија изминатите 23 години, ќе...

Претседателката на Европската комисија во недела доаѓа во Скопје

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во недела ќе ја започне четиридневната посета на Западен Балкан. На 29 октомври таа најпрво ќе дојде во С. Македонија, а наредните денови ќе ги посети Косово, Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина. За време на посетата ќе се дискутира билатералната соработка и на лидерите од регионот ќе им се претстават...

Далекусежни мисли, но без датум

Последниот (во овој мандат или воопшто) говор за состојбата во Унијата на претседателката Урсула вон дер Лајен беше очекуван со посебно внимание. Некои се обидуваа да одгатнат дали ќе се кандидира и за следниот мандат, но засега без успех. Првите оценки на аналитичарите се дека таа сепак играше „на сигурно“, што би можело да најавува нова кандидатура. Во говор кој...

Фон дер Лајен: Климатските промени се дело на човекот, потребни се технологија и пари за да се справиме со нив

Климатските промени се дело на човекот, што значи дека ние можеме да се справиме со овој предизвик, за што ни е потребна технологија и ни требаат финансии, порача претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во обраќањето на сесијата „Една земја“ на Самитот на Г20 во Њу Делхи. „Само земјите од Г20 учествуваат со 80 отсто во емисиите на...

Фон дер Лајен со порака: Партиите да ги поддржат уставните измени

Претседателката на Европската Комисија, Урсула Фон дер Лајен од Атина даде јасна поддршка за продолжување на евроинтеграцискиот процес на С.Македонија. Таа на социјалната мрежа Х ја потврди поддршката за нашата земја на патот кон членството во ЕУ, откако вчера имаше средба со премиерот Димитар Ковачевски. „Добра размена на мислења со премиерот Димитар Ковачевски. Го поздравувам поднесувањето на уставните амандмани од...

Ковачевски – Фон дер Лаjен: Силна поддршка од Европската Комисија за членството на Северна Македонија во ЕУ

Европската Унија (ЕУ) останува да биде пријател и партнер на Северна Македонија и дава силна поддршка на постигнувањето политички консензус за уставните измени, во корист на земјата и регионот. Ова е пораката што ја добил премиерот Димитар Ковачевски на средбата со претседателката на Европската Комисија, Урсула Фон дер Лајен. Ковачевски и Фон дер Лајен се сретнаа во Братислава, Словачка, каде...

Постот манипулира со изјавата на Лајен и го величи Путин дека спречил „перверзни педофилски планови“

Од најавата на претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен дека ќе организира конференција за враќање на украинските деца од Русија, оваа објава на Фејсбук  прави манипулативна конструкција во која се извртуваат тезите и се воздигнува рускиот претседател Владимир Путин. Тврдењето дека Путин им ги уништил „перверзните планови на педофилите“ за децата од Украина, ја искривува вистинската слика...

НАТО со невоена помош за Украина зимава, ЕУ планира суд за руските воени злосторства

Министрите за надворешни работи на земјите-членки на НАТО на денешната средба во Букурешт ќе одлучуваат за испраќање на невоена помош за Украина која ќе ѝ биде неопходна во зимските месеци. Станува збор за електроенергетска опрема, првенствено генератори на струја и трансформатори, но и шатори, ќебиња и друга зимска опрема, пренесува Гардијан. Македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи денеска изјави...

Урсула фон дер Лајен не купувала вакцини од компанијата на сопругот

Постот неточно тврди дека Фон дер Лајен купила вакцини од компанијата на нејзиниот сопруг, Хајко Ехтер фон дер Лајен. Тој е германски лекар и од септември 2020 година е медицински директор на американската биотехнолошка компанија Orgenesis, која е специјализирана за клеточни и генски терапии, а не за вакцини против ковид-19. Самата изјава на поранешниот руски претседател Димитри Медведев, којашто...

Фон дер Лајен: Ќе се исполни сонот на младите Северна Македонија да биде членка на ЕУ

Кратка посета, но со конкретна агенда и помош од Европската Унија за земјава. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во македонскиот главен град дојде и со конкретна порака до македонските граѓани - заедно ќе ја пребродиме актуелната енергетска криза, со која се соочува целиот европски континент. Одговарајќи на новинарско прашање во однос на барањето за вметнување на Бугарите...

Енергетската криза и скрининг процесот во фокус на средбата на Пендаровски со Фон дер Лајен

Актуелната енергетска криза и текот на скрининг процесот биле во фокус на денешната средба во Софија меѓу претседател Стево Пендаровски и претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен. Како што соопштија од претседателскиот кабинет, на средбата се разговарало за енергетската криза, при што претседателот Пендаровски изразил очекување за помош од Европската Комисија во контекст на европската солдарност и справувањето...

Фон дер Лејен: Ќе ги пренасочиме големите профити на енергетските компании и ќе оневозможиме Русија да печали

Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лејен, презентираше денеска пакет мерки и политики за стабилизација на енергетската ситуација и на цените на струјата, дополнително намалување на увозот на руски гас, но и ограничување на енормното богатење на енергетските компании преку манипулации, како и мерки за помош на граѓаните и бизнисите. „Се соочуваме со невообичаена ситуација, бидејќи Русија е недоверлив...

Вистиномер: Фотографија злоупотребена за да се обвини ЕУ за наводен фашизам

Не е вистина дека на фотографијата, која е споделена во склоп на постот се гледаат двете политичарки, Зузана Чапутова и Урсула фон дер Лајен, со фашистички симболи кои може да се поврзат со некакво тајно друштво во кое членувал и Хитлер. На фотографијата се гледа дека двете политичарки разменуваат поздрав како израз на срдечна почит. Наспроти тврдењето во постот,...

По 17 години и многу компромиси Северна Македонија ги почнува преговорите за членство во ЕУ

Денешниот ден е историски – конечно после 17 години и многу тешки компромиси, се отвора процесот за прием на Северна Македонија во големото европско семејство кон ЕУ. Првиот чекор кон европската иднина е направен, а три-деценискиот сон е на дофат, истакна македонскиот премиер Димитар Ковачевски по завршувањето на првата меѓувладина конференција со Европската унија што претпладнево се одржа во...

Мицкоски на средбата со Лајен отишол со фотографии од злосторства од Втората светска војна и сомнеж за предлогот

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по попладневната средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен изјави дека ги искажал сомнежите кои ги има неговата партија кон европскиот предлог за почетокот на преговорите на земјава со ЕУ. Мицкоски рече дека на средбата биле презентирани три позиции на ВМРО-ДПМНЕ, при што првата била за дилемата за член 11 од документот...

Урсула фон дер Лајен во македонското Собрание: Македонски јазик без квалификации, Европа ве чека

Ursula fon der Lajen vo Sobranie 14jul22 screenshot
Сакав да бидам денес овде за да се обратам директно, за од мене да слушнете дека Европа ве чека. Чекајќи и надевајќи се дека ќе направите уште чекор кон нашата унија. Вашата држава е на пат да стане членка на ЕУ. Ова го порача претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен при денешното обраќање во македонското Собрание. „И сега,...

Ковачевски – Фон дер Лајен: Време е за мудри одлуки, македонскиот јазик и идентитет во ЕУ се заштитени

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен на денешната тет-а-тет средба разговараа за најважните прашања поврзани со проширувањето на Европската Унија. Тие констатираа дека сега е моментот кој треба Северна Македонија да го искористи за прифаќање на европскиот предлог, што понатаму значи и одржување на првата меѓувладина конференција и...

Пендаровски: Македонскиот јазик и идентитет мора да бидат почитувани и гарантирани од страна на ЕУ

Претседателот Стево Пендаровски за време на денешната средба со претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен потенцираше дека македонскиот јазик и идентитет мора да бидат почитувани и гарантирани од страна на Европската Унија. Пендаровски го реафирмираше ставот дека прифаќањето на францускиот предлог ќе овозможи деблокада на евроинтеграциите и отворање на првата фаза од пристапните преговори, што ќе претставува позитивен...

Фон Дер Лајен пристигна во Скопје, Османи вели дека посетата доаѓа во вистинско време

Министерот за надворешни работи Бујар Османи претпладнево оствари средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на самиот старт на нејзината денешна посета на Скопје, информираат од Министерството за надворешни работи. Изразувајќи благодарност за оваа посета, министерот Османи подвлече дека Европската комисија отсекогаш била докажан партнер на патот на евроинтеграциите на земјава, стриктно и објективно анализирајќи ги состојбите...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...