fbpx

НАТО со невоена помош за Украина зимава, ЕУ планира суд за руските воени злосторства

-

Министрите за надворешни работи на земјите-членки на НАТО на денешната средба во Букурешт ќе одлучуваат за испраќање на невоена помош за Украина која ќе ѝ биде неопходна во зимските месеци. Станува збор за електроенергетска опрема, првенствено генератори на струја и трансформатори, но и шатори, ќебиња и друга зимска опрема, пренесува Гардијан.

Македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи денеска изјави дека земјите-членки на НАТО по состанокот излегле уште поединствени во осудата на руската агресија на Украина, но и за потребата да ѝ се излезе во пресрет на Украина со помош, информира од македонското МНР.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен пак вели ЕУ ќе се обиде да формира суд, поддржан од Обединетите нации, за да ги испита и гони воените злосторства извршени од Русија во Украина, пишува Гардијан.

„Руската инвазија на Украина донесе смрт, пустош и неискажливо страдање. Сите се сеќаваме на ужасите на Буча. Се проценува дека досега се убиени повеќе од 20.000 цивили и повеќе од 100.000 украински воени офицери“, изјави фон дер Лајен.

Таа додаде дека Русија мора да плати за своите ужасни злосторства, вклучително и за нејзиното злосторство на агресија врз суверена држава. Ова е причината зошто, додека продолжуваме да го поддржуваме Меѓународниот кривичен суд, предлагаме да се формира специјализиран суд поддржан од Обединетите нации за да го истражи и гони руското злосторство за агресија, рече фон дер Лајен.

„Подготвени сме да почнеме да работиме со меѓународната заедница за да добиеме најширока можна меѓународна поддршка за овој специјализиран суд“, вели фон дер Лајен, додавајќи дека Русија мора и финансиски да плати за уништувањето што го предизвика во Украина, кое е проценето на 600 милијарди евра.

Во меѓувреме, во Украина продолжуваат руските воени напади врз земјата. Русија извршила нови ракетни напади врз регионот Запорижја изминатава ноќ, при што е погоден дистрибутивен центар за гас, но без загинати и повредени лица. Сепак, во Донецкиот регион изминатово деноноќие загинале пет цивили како последица на руските воени дејствија, пишува Укринформ.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски напиша на Телеграм дека Русите планираат нешто на југот од Украина. Тој тврди дека и покрај екстремно големите руски загуби, окупаторите се обидуваат да напредуваат во Донецкиот регион, да се зацврстат во Луханскиот регион и да продрат во Харкивскиот регион.

„Но, ние издржуваме и, што е најважно, не дозволуваме непријателот да ги исполни своите намери“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Украинските власти тврдат дека само во изминативе 24 часа во борбите биле убиени 500 руски војници, а вкупниот број на загинат руски воен персонал од почетокот на воената агресија се искачил на 88.880, пренесува Гардијан.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...