fbpx

Фон Дер Лајен пристигна во Скопје, Османи вели дека посетата доаѓа во вистинско време

-

Министерот за надворешни работи Бујар Османи претпладнево оствари средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на самиот старт на нејзината денешна посета на Скопје, информираат од Министерството за надворешни работи.

Изразувајќи благодарност за оваа посета, министерот Османи подвлече дека Европската комисија отсекогаш била докажан партнер на патот на евроинтеграциите на земјава, стриктно и објективно анализирајќи ги состојбите и остварениот напредок преточен во извештаите за напредокот на државата. Тој додаде дека оваа поддршка ќе продолжи и понатаму со официјалното отворање на пристапните преговори низ процесот на скрининг.

„Оваа посета доаѓа во вистинско време, при самото заокружување на широкиот консултативен процес за предлогот на Француското претседателство и вашето денешното обраќање во Собранието го сметаме за значаен придонес во овој процес и поддршка за продолжување на нашите европски интеграции“, истакна Османи.

Министерот потсети дека е втор пат во нашата историја, Претседател на Европската комисија да се обрати во нашето Собрание. Првиот пат Романо Проди, на самиот старт на нашиот евроинтегративен пат, по повод потпишувањето на Спогодбата за Стабилизација и Асоцијација, и сега на самиот старт на преговорите, како финална фаза пред нашето полноправно членство во Унијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...