fbpx
Таг: туризам

таг: туризам

Фестивалот „Охридско лето“ третпат најдобра манифестација за развој на туризмот

Меѓународниот музичко-сценски фестивал „Охридско лето,“ кој годинава одбележа 55. години од постоењето, третпат доби признание од Министерството за економија за најдобра манифестација што придонесува во развојот на туризмот во Република Македонија. Признанието е доделено во рамките на одбележувањето на 27 септември, Светскиот ден на туризмот. Директорката на „Охридско лето“, Елизабета Јанкуловска, вели дека традицијата на успешни фестивалски изданија со квалитетни настани и...

Еднодневна едукативна екскурзија за меѓуетничка интеграција во образованието

Ученици од прва до четврта година од охридската гимназија „Св.Климент Охридски“ и од струшката гимназија „Д-р Ибрахим Темо“, во рамките на Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието на Министерството за образование и на УСАИД, реализираа еднодневна едукативна екскурзија и посета на туристичките локалитети во Охрид. Целта беше запознавање на заедничкото културно-историско наследство, со кое се презентираме пред светот и преку...

Туристичкиот потенцијал на Македонија, презентиран во Јапонија

Туристичкиот потенцијал, видовите туризам и можностите за инвестирање во овој сектор беа презентирани пред повеќе од 50 туристички оператори од Јапонија. Презентацијата ја организираа Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и македонската амбасада во Токио во соработка со јапонската асоцијација на тур-оператори. По предлог и номинација од македонската амбасада во Токио, Охрид беше избран меѓу 30 најубави места во Европа, од јапонските...

Ќе се подобруваат условите за развој на туризмот во Берово

Сопствениците на викендички и на куќи за сместување во Берово ќе работат на подобрување на условите и на зајакнување на човечките капацитети за промоција на туризмот. Проект за подигнување на капацитетите на индивидуалните туристички сместувачки капацитети е на Општина Берово во соработка со Мировен корпус. Предвидено е одржување на дводневна работилница (23 и 24 септември во Бизнис-инкубаторот во Берово), на која...

Хрватска со рекордни 8 милијaради евра приходи од туризам

Министерот за туризам на Хрватска, Дарко Лоренцин, изјави дека државата оваа година може да очекува рекордни приходи од туризмот од приближно осум милијарди евра. На јадранското крајбрежје и во Загреб, од јануари до јули оваа година, престојувале вкупно 7,6 милиони туристи, кои генерирале вкупно 40 милиони ноќевања. Според официјалните податоци на туристичките заедници, на Јадранот и во Загреб само во јули одмарале...

Најстариот тур-оператор во светот „Томас Кук груп“, во посета на Македонија

Претставници на најголемиот и најстар туристички оператор во светот „Томас Кук груп“ („Thomas Cook Group“) од Англија, од денеска се во посета на Македонија, соопштија од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ). Агенцијата ќе организира бизнис-состаноци со туристичкото стопанство од Македонија, тур-оператори, хотелиери, асоцијации и комори за туризам. Гостите ќе бидат и во неколкудневна посета на Охрид, каде ќе им се...

Промоција на македонскиот туризам на саем во Келн

Туристичките потенцијали на Македонија ќе бидат претставени на меѓународниот туристички саем „РДА воркшоп“ во Келн, Германија, кој се оддржува од 21 до 23 јули. Туристичките производи на Македонија ги промовираат претставници на Агенцијата на промоција и поддршка на туризмот, туристички агенции и хотелиери. Германскиот туристички пазар е се поатрактивен за Македонија поради директните авионски линии на „Виз ер“ со Германија, од Скопје до Минхен-...

Охрид влезе во шпицот на главната туристичка сезона

Македонскиот туристички и летен културен центар, Охрид, со овој продолжен празничен викенд влезе во шпицот на главната туристичка сезона. Преполнетите плажи, колоните возила кон излетничките места, како и преполните паркиралишта, говорат дека Охрид деновиве е исполнет со гости и со викенд-туристи. Хотелиерите и оние кои нудат приватно сместување се задоволни, иако слободни места сè уште има. Задоволни се и сопствениците на ресторани и на кафулиња, кои...

Странски „туристи“ трагаат по златото на кралот Петар Први Караѓорѓевиќ во Мариово

Митовите за закопано богатство во битолскиот дел на Мариово и оваа година мамат туристи. Под превезот на туризмот, странци трагаат по златото на српскиот крал Петар Први Караѓорѓевиќ во битолскиот регион, на линијата на Македонскиот фронт од Првата светска војна, вели градоначалникот на општина Новаци, Лазе Котевски. Во Мариово и ова лето е „возбудливо“ со странски туристи и со планинари,...

„Денови на македонски туризам“ во Србија

Српските туристички оператори и медиуми ќе присуствуваат на промоција на македонскиот туризам за зголемување на бројот на српски туристи, кои традиционално ја посетуваат земјава. Настанот ќе се случува во Ниш, во организација на Агенцијата за промоција и поддршка на македонскиот туризам. Гостите што ќе присуствуваат на афирмација на почнатата туристичка сезона, ќе имаат можност да дегустираат македонска храна и вино. За нив...

Македонија, дел од медитеранско-балканската туристичка понуда

Претседателот на Туристичко-угостителската комора (ТУК) при Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК), Аркан Керим, со делегација од комората, присуствува на конференција во Будва во организација на Министерството за одржлив развој и туризам на Црна Гора и на Светската туристичка организација на Обединетите нации (СТООН). Темата на дводневната конференција на која присуствуваат еминенти меѓународни експерти од секторот туризам е „Квалитетот...

Чавков: Безбедносната ситуација е поволна за почеток на туристичката сезона

Министерот за внатрешни работи, Митко Чавков, денеска во Охрид оцени дека безбедносната ситуација на почетокот на туристичката сезона е поволна и дека во текот на целата туристичка сезона ќе се преземат сите мерки за апсолутно стабилна безбедносна состојба, соодветен јавен ред и мир, за да можат граѓаните и сите гости што ќе допатуваат во текот на целата летна туристичка сезона, да...

„Денови на македонскиот туризам“ во Софија

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот денеска во Софија, Бугарија, ќе организира „Денови на македонскиот туризам“. Гости на настанот се партнерите од Бугарија, туристички оператори и претставници на медиумите. Настанот се организира за афирмација на туристичкиот производ од Македонија пред бугарските туристи, кои традиционално секоја година ја посетуваат нашата земја, со акцент на можноста за зголемување на нивниот број во веќе почнатата туристичка сезона. Настанот ќе биде...

Промовирана брошурата „Тетово, град на мултикултурно наследство“

„Тетово, град на мултикултурно наследство“ е новата информативна туристичка брошура, која се промовираше во Уметничката галерија во Тетово. Брошурата ја изработи Француската алијанса во Тетово, во соработка со партнерите: Младински образовен форум и Планинарски клуб „Јелак“. Брошурата содржи информации и слики за историски објекти во Тетово, историско значајни места во руралните средини и за природни предели од Шарпланинскиот масив. -...

Туристите откажуваат резервации, АППТ ќе одржи вонредна седница

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Македонија (АППТ) ќе свика вонредна седница на Советот, поради промената во состојбите кои влијаат на туризмот и откажување на резервациите во текот на последните неколку дена од повеќе странски партнери. Според Џамбазовски, Советот на АППТ се свикува за да се преземат мерки и активности за надминување на актуелната ситуација. - Очекуваме заедно со туристичкото...

Грчката влада ќе го зголеми данокот за туристички услуги

Грчката влада планира да го зголеми данокот за туристички услуги до 18 проценти. Доколку се усвои предлогот, ДДВ на цените во рестораните ќе се зголеми од 13 на 18 проценти, а во хотелите од 6,5 на 18 проценти. Иако туристичките работници во Грција остро реагираа на овие најави, речиси е извесно дека овие предлог-мерки ќе бидат усвоени. Грчкото Министерство за финансии...

„Скопје травел маркет 2015“ ќе почне на 7 мај

Меѓународниот саем за туризам „Скопје травел маркет 2015“ ќе почне утре и ќе трае до 10 мај. На овој петти по ред саем ќе се претстават туристички агенции, хотели и тур-оператори од кај нас и од странство. На саемот свое претставување ќе има и Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) за промоција на македонскиот туризам, како и за зголемување на бројот...

Охрид и Скопје на мапата на „Спринг Балканика“

Македонскиот туристички бисер Охрид, од оваа година, преку посетата на туристи од Србија и од Словенија, е вклучен во големата Балканска промотивна туристичка турнеја „Спринг Балканика“ (Spring Balcanica). На мапата се неколку истакнати места во земји од Балканот, во вид на едукативна турнеја, која ја организира тур-операторот „Деј дрим травел“ (DayDream travel) од Словенија. Гостите кои тргнаа од Љубљана, денеска и утре...

Форум за вински туризам и за вински патишта

Министерството за економија и фондацијата „Тиквешки вински пат“ денеска во Демир Капија ќе одржат форум за вински туризам и за вински патишта. Тема на форумот ќе бидат потребите од едукација во туризмот, со акцент на винскиот туризам во Македонија, кој почна да се развива од 2005 година.

Француски тур-оператори во посета на Македонија

Агенцијата за промоција и за поддршка на туризмот организираше информативно патување за тур-оператори и за новинари од Франција, за промоција на Македонија како туристичка дестинација. Тур-операторите од Франција одржале средби лице в лице со претставници од туристичкиот сектор и со хотелиери во Охрид. - Тур-операторите од Франција изразија задоволство од успешните средби со бизнис-секторот и беа задоволни од организацијата на Агенцијата за...
Број 659 на стрипот „Алан Форд“ нацртан од Вероника Гуити. Фото: Мета.мк.

За прв пат во 55 години, стрипот „Алан Форд“ го црта жена

Со мајскиот, 659-ти број на култниот италијански стрип „Алан Форд“, издавачот и сценарист Макс Бункер ја претстави уметницата Вероника Гуити како нова членка на тимот. Во уредничкиот коментар во 659-тата...