Промоција на македонскиот туризам на саем во Келн

Туристичките потенцијали на Македонија ќе бидат претставени на меѓународниот туристички саем „РДА воркшоп“ во Келн, Германија, кој се оддржува од 21 до 23 јули.

Туристичките производи на Македонија ги промовираат претставници на Агенцијата на промоција и поддршка на туризмот, туристички агенции и хотелиери.

Германскиот туристички пазар е се поатрактивен за Македонија поради директните авионски линии на „Виз ер“ со Германија, од Скопје до Минхен- Меминген, Дортмунд, Келн, Франкфурт, Нирнберг, Хамбург и до Фридихшафен.

Саемот „РДА воркшоп“ во Келн, Германија, е водечки меѓународен саем кој претставува туристичка работилница и можност за тет-а-тет средби меѓу претставниците на европскиот туристички пазар.