fbpx
Таг: црква

таг: црква

Донаторска конференција за црквата „Свети Константин и Елена“

Во хотелот „Александар палас“, денеска ќе се одржи донаторската конференција за изградба на црквата „Свети Константин и Елена“, во организација на Македонската православна црква-ОА и фондацијата „Св. Цар Константин“. Темелите на црквата беа осветени пред две години на нова локација на улицата Македонија во центарот на Скопје. Црквата првпат била изградена во 1927 година на плоштадот кај сегашен ГТЦ, но во 1963...

Ќе се гради црква посветена на Василиј Велики, Григориј Богослов и на Јован Златоуст во скопски Мичурин

До Меѓуградската автобуска станица во Скопје, во населбата Мичурин, денеска почна изградбата на нов храм посветен на тројцата светители, Василиј Велики, Григориј Богослов и Јован Златоуст. Храмот е ивестиција на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Камен-темелникот го освети поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан.

Ограбена црква во тетовско Волковија

Непознат сторител провалил во црквата „Свети Ѓорѓија“ во тетовското село Волковија и украл околу 2.000 денари, соопшти полицијата. Кражбата се случила во периодот меѓу 24 ноември и 3 декември, а вкупната материјална штета била проценета на околу 14.000 денари. Крадецот во црквата влегол откако насилно ја отворил влезната врата. Полицијата презема мерки за откривање на сторителот.

МПЦ на аукција продаде лопати од поставување на камен-темелник

Трите лопати со кои денеска претпладне беше поставен камен-темелникот за изградба на црквата „Света Лидија Македонска“, во населбата Ченто, беа продадени за речиси 10.000 евра, на аукција што се одржа веднаш по завршувањето на церемонијата, а која ја водеше поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан. Златната лопата, за сума од 5.000 евра, ја купи ктиторот на црквата, Ѓорѓи Вуков, сребрената лопата...

ВМРО-НП: МПЦ и провладините медиуми молчат за пораката на г.г. Кирил во Србија

ВМРО - Народна партија изразува длабоко жалење од целосниот медиумски мрак на провладините медиуми за посетата на московскиот и патријархот на цела Русија, г.г. Кирил на Србија, премолчувајќи ги кристално чистите и јасни негови пораки за статусот на МПЦ, се вели во реакцијата од партијата. „Имено, рускиот патријарх на средбата со српскиот патријарх, недвосмислено порача дека МПЦ е неотуѓив дел...

Хрватска повеќе одвојува средства за црквата отколку за сиромашните

Католичката црква во последните 10 години од државниот буџет на Хрватска добила 782 милиони евра, пишува хрватскиот весник „Јутарни лист“. Податокот првпат е достапен за јавноста откако Владата на оваа земја одговори на пратеничко прашање на претседателката на лабуристите, Нанси Тирели. Таа уште во август упати прашање до Владата за тоа колку пари се уплатени од буџетот на сите верски заедници, вклучувајќи...

Отворена сметка за обнова на опожарената црква „Св. Спас“ во Владимирово

Меѓу првите донатори се најавени владимировците Благоја Ханџиски и Снежана и Љубчо Георгиевски
Ќе се собираат пари за обнова на опожарената црква „Св. Спас“ во Владимирово, одлучи синоќа Иницијативниот одбор. Како што информираат оттаму, сметка за донација е отворена во Комерцијална банка. Меѓу првите донатори се најавени владимировците Благоја Ханџиски и Снежана и Љубчо Георгиевски, како и Фондацијата „Д-р. Михаил Левенски“. Одборот упати апел до сите жители и иселени од Владимирово да го помогнат обновувањето...

Уапсени двајца руски новинари под обвинение дека работеле за фондацијата на Алексеј Навални

Двајца руски новинари се уапсени под обвинение за „екстремизам“, поради обвиненијата дека работеле за група основана од починатиот руски опозициски политичар Алексеј Навални, пренесе Гардијан. Новинарите Константин Габов и Сергеј...