fbpx
Таг: тероризам

таг: тероризам

Германија откажа карневал поради терористички закани

Германската полиција нареди откажување на традиционалниот карневал во северниот германски град Брауншвајг поради „специфични закани од исламистички напади“, соопшти германската полиција. Карневалот, кој денеска требаше да почне, е откажан откако безбедносните служби добиле информации за потенцијални напади.

Во Британија шестпати зголемен бројот на апсења поради тероризам

Британската полиција соопшти дека бројот на луѓе уапсени поради тетористички прекршоци е шестпати поголем во споредба со минатата година. Од Скотланд јард велат дека полицијата во 2014 година извршила 165 апсења во Велика Британија поради финансирање, подготвување или поттикнување тероризам, како и поради посетување кампови за обука. Во 2013 година, пак, бројот на такви апсења бил 25. Координаторката во полицијата за...

20 терористички ќелии подготвуваат напади во Европа

Околу 180 лица од најмалку 20 терористички ќелии, кои допрва треба да бидат активирани, се подготвени да извршат терористички напади во Франција, Германија, Белгија и во Холандија, јавува американската телевизиска мрежа „Си-Ен-Ен“, повикувајќи се на западни разузнавачки извори. Разузнавачките агенции од ЕУ и тајните служби од Блискиот Исток откриле дека постои „непосредна опасност“ за напад во Белгија, но и во...

Париз: Уапсени 10 лица за поддржување тероризам

Најмалку 10 лица синоќа се уапсени за време на антитерористичката акција на француската полиција во парискиот регион. Како што јавуваат француските медиуми, повикувајќи се на судски извори, уапсените се поврзани со тројцата терористи кои минатата недела убија 17 лица. Тие се осомничени за давање „логистичка поддршка“ на терористите, како и нивно снабдување со оружје и обезбедување автомобили.

Откажан петочниот состанок на ЕУ-министрите против тероризмот

И покрај најавите на латвиското претседателство дека в петок министрите за внатрешни работи ќе се состанат во Брисел да дискутираат за последиците од париските атентати и за мерките во борбата против тероризмот, 28-те министри, сепак, одлучија дека е рано за тоа, објаснувајќи дека „одлуките не треба да се носат во брзање“. Од латвиското претседателство за „Мета“ велат дека дискусијата се...

Франција: Приведени 54 лица за поддржување тероризам

Париското јавно обвинителство денеска соопшти дека во последната седмица по масакрот во редакцијата на сатиричниот неделник „Шарли ебдо“ во кој беа убиени 12 лица, приведени се 54 лица кои го бранеле и величале тероризмот. Истовремено, покренати се 15 судски случаи поради испишување графити по џамии, како и десет случаи за оштетување муслимански места за молитви со оружје, подметнување пожар или експлозија. Приведувањата...

Керхов: ЕУ не може да ги спречи сите напади

Координаторот за борба против тероризмот на Европска Унија,  Жил де Керхов, денеска предупреди дека Европа би можела да се соочи со нов бран напади. Тој истакна дека лицата кои се вратиле од Сирија не треба да се испраќаат во затвор затоа што токму таму се подгреваат, развиваат и се поттикнуваат радикалните ставови и движења. Според Керхов, токму во затвор се радикализирал...

Ле Пен: Франција е слаба пред тероризмот поради членството во ЕУ

Франција е „ослабена“ во соочувањето со терористичките закани поради своето членство во Европска Унија, особено зашто не може сама да ги контролира своите граници, изјави претседателката на Национален фронт, Марин ле Пен. Соочувајќи се со „исламскиот фундаментализам“, ЕУ нè ослабнува, наметнувајќи ни отворени граници и политика на штедење поради кои во Франција на удар се капацитетите на војската, полицијата и на...

Албанија бара граѓаните да ги пријавуваат сите сомнителни дејства

Албанските власти вчеравечер упатија апел до граѓаните да соработуваат со полицијата за да се спречи каков било акт на организиран криминал и на тероризам. Министерот за внатрешни работи на Албанија, Саимир Тахири, апелираше граѓаните „да не замижуваат“ пред заканите, туку веднаш да ја информираат полицијата. Странските тајни служби неодамна предупредија дека Албанија и Косово се можни цели за терористички напади.

Кои присуствуваа, а кои лидери го игнорираа маршот во Париз?

Претседателот на САД, Барак Обама, не присуствуваше на маршот  во Париз, кој се одржа вчера како протест против убиството на новинарите на сатиричниот неделник „Шарли ебдо“. Не присутвуваше ниту државниот секретар Џон Кери, кој, пак, заедно со македонскиот премиер Никола Груевски, беше гостин на самитот на претприемништвото „Вибрант Гуџерат“ во Индија. Американските медиуми посочуваат дека запрепастувачки било тоа што нивни претставник...

Златан Ибрахимовиќ, цел на терористички напад?!

Мета на терористи, наводно, бил фудбалерот Златан Ибрахимовиќ, а локалната полиција во Малме, во близина на неговиот семеен дом, пронашла граната која била безбедно отстранета. Ибрахимовиќ, кој веќе трета сезона го носи дресот на ПСЖ од Париз, е син на Босанец од Бијељина и на Хрватка од околината на Задар, а самиот се изјаснил дека е католик.

Бан Ки-мун бара да се врати мораториумот на смртната казна во Пакистан

Да се запрат егзекуциите во Пакистан и да се врати мораториумот на смртната казна, бара Бан Ки-мун, генералниот секретар на ОН. Наваз Шарифи, премиерот на Пакистан, го укина мораториумот на смртната казна, откако пакистанските талибански бунтовници спроведоа рација во училиштето во Пешавар на 16 декември и убија речиси 150 деца. Оттогаш шест лица кои биле осудени за тероризам се обесени,...

ЕУ ја отстранува Хамас од листата на терористички организации

Општиот суд на Европска Унија денеска нареди палестинската организација Хамас да се отстрани од листата на терористички организации, на која се најде пред 13 години. Судот во декември 2001 година донесе одлука да се забрани Хамас и да се замрзнат имотите на претставниците на организацијата. Во соопштението се наведува дека воведените мерки биле темелени на наводите на медиумите, а не врз испитани...

Мнозинството Американци ја оправдуваат тортурата на ЦИА

Мнозинството граѓани на САД, односо 51 отсто од нив, го сметаат оправдано користењето тортура во текот на сослушувањето на осомничените за тероризам, додека 29 отсто не ги оправдуваат методите што ги користела Централната разузнавачка агенција(ЦИА), се наведува во извештајот што синоќа го соопшти Центарот за истражување „Пју“. Околу 56 отсто од американските граѓани сметаат дека употребата на тортура довела до откривање...

Јанкулоска: Загрижува регрутирањето странски борци во ИСИС

Петнаесетина лица од Македонија, како доброволци - џихадисти, загинале во воените конфликти во Сирија и во Ирак, откако од средината на 2012 година било регистрирано заминувањето на лица од земјава во овие воени жаришта, било речено, меѓу другото, во обраќањето на министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, на министерскиот форум за внатрешни работи и за правда ЕУ - Западен...

Македонија e надвор од терористичката мапа

Стотина експерти од 13 земји во светот, договараат стратегија за поуспешно справувањето со сајбер-тероризмот, на конференција во Охрид организирана во рамките на Напредната школа за сајбер-безбедност и за сајбер-одбрана на НАТО, а на која домаќин е Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“ од Скопје. Република Македонија не е приоритет на терористичката мапа, сметаат експертите од Македонија, не негирајќи дека и на...

Велика Британија: Уапсени седум осомничени терористи

Седум осомничени терористи се уапсени во Велика Британија, од кои пет во Велс, а двајца во Лондон, соопшти полицијата. Велшката полиција соопшти дека петмината уапсени се осомничени за поддршка на забранети организации. Во Лондон е уапсен 33-годишен маж, под сомневање за вмешаност во тероризам и 40-годишен маж под сомневање за посредување при вадење лажни документи. Полицијата во Лондон соопшти дека апсењата се...

Скотланд јард годинава спречил пет терористички напади

Британската полиција во текот 2014 година спречила пет терористички заговори, соопшти за „Би-Би-Си“, шефот на Скотланд Јард, Бернрд Хоган-Хоуви, додавајќи дека во претходните години такви закани имало еднаш годишно. - Можам да речам дека забележавме разлика во зачестеност и во тежината на заговорите - рече Јоган-Хоуви, велејќи дека во земјата е присутна сè поголема загриженост поради терористите кои дејствуваат самостојно. Експертот за контратероризам...

Што ќе се гради на местото на злосторството кај Смиљковско Езеро?

По долгото одложување на пресудата за случајот „Монструм“, судот сега го одолжува и преводот на текстот на пресудата, постапка која доцни, а со тоа се запира и процедурата на одбраната за обжалување на првостепената пресуда до Апелацискиот суд, изјавил за „Порталб“ адвокатот Насер Рауфи. Според него, постапката за жалба ќе биде пролонгирана бидејќи пресудата сè уште се преведува на албански. - Судот...

БИХ: Уапсени 11 осомничени за тероризам

Најмалку 11 лица се уапсени во Босна и Херцеговина под сомневање за тероризам, соопштија босанските власти. Повеќе од 100 полицајци учествуваа во акцијата „Дамаск“ на босанската Агенција за разузнавање и заштита (СИПА). При претресот на објектите, спроведен во неколку населени места, се конфискувале предмети кои можат да послужат како доказен материјал. Од септември годинава, кога почна акцијата „Дамаск“, беа уапсени 16 лица,...

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...