fbpx
Таг: теории на заговор

таг: теории на заговор

Вистиномер: Вакцината против ковид не е плацебо

Плацебо – физиолошки раствор од сол и вода, се користи само во клиничките испитувања, односно во раните фази, кога вакцината е во процес на испитување и тоа за да се покаже нејзината ефикасност. Не постои ниту еден доказ, дека луѓето кои примиле вакцина, примиле плацебо. Доколку вакцините беа сол и вода, а не вистински, земјава немаше да ги фрла,...

Вистиномер: Стотина вработени во штипската болница се невакцинирани

Од близу 500 вработени во болницата во Штип, стотина се невакцинирани, но како што велат од болницата, станува збор за лица кои го прележале коронавирусот. За разлика од нивните колеги во болницата, во Здравствениот дом „Д-р Панче Караѓозов“ само неколкумина се немаат вакцинирано. На вакциналните пунктови во штипскиот Здравствен дом деновиве доаѓаат главно повозрасни пациенти – над 65 години,...

Мнозинство од граѓаните ги прифаќаат теориите на заговор и заблудите за корона вирусот

Дури 65 отсто од граѓаните во земјава сметаат дека ковид-19 е креиран во лабораторија за да се контролираат луѓето, потоа 44 отсто се согласни дека бројките на заболените од ковид-19 се зголемувани, и дека се плаќало за да се пријавуваат луѓе дека починале од ковид. До такви резултати дошло истражувањето „Човек од народот: Анализа на јавното мислење за политичките барања...

Вистиномер: Вакцините не убиваат, ПЦР тестовите нема да ве заразат со корона

Една дезинформациите коишто беа јавно искажани на протестот пред Собранието е дека „вакцините убиваат луѓе, а тестовите ги заразуваат луѓето“.  Светската здравствена организација внимателно го следи воведувањето на сите вакцини за ковид-19. Оттаму велат дека вакцинацијата е безбедна, а несаканите ефекти од вакцината обично се мали и привремени, како што се болки во раката или лесна треска. Можни се...

Вистиномер: Ковид не е измама, туку болест предизвикана од коронавирусот

Постојат дијагностички потврдени случаи на ковид-19 во целиот свет вклучително и во Република Северна Македонија.Ппостојат сведоштва од пациенти кои прележале ковид, сведоштва на членови на семејства кои изгубиле блиски како последица на ковид. Има глобални напори за справување со пандемијата и со ковид-19 со воведување нов начин на живот, со маски, дистанца, дезинфекција, вакцинални сертификати, тестирање, бидејќи ковид е...

Вистиномер: „Фајзер“ не вклучува трометамин во својата вакцина за да спречи срцев удар

Постот нецелосно ја информира јавноста, односно му недостига контекст. Точно е дека „Фајзер“ во вакцината за деца под 11 години ја додава состојката трометамин, но оваа состојка ја додава и во вакцините за тинејџери и возрасни. Не е точно дека трометаминот се додава за да се спречи срцев удар по примање на вакцината, туку за да се олесни нејзиното...

Вистиномер: Дезинформација е дека ковид-19 не е дефиниран вирус

Фејсбук објава лажно тврди дека ковид-19 не е дефиниран вирус, туку дека станува збор за авиони кои прскаат отрови и живи вируси. Ова, се разбира, не е точно, пишува „Вистиномер“ во својата нова анализа, што подолу ја пренесуваме во целост: Ковид 19 не е дефиниран вирус туку агенда која вклучува хемиско прскање на тешки метали бактерии живи вируси, графен оксид,...

Вистиномер: Не е изваден чип од вакциниран човек во Русија

На видеоматеријалот што се споделува на Фејсбук нема ниеден момент и ниеден кадар што потврдува дека се вади чип од рамо на вакциниран човек. Дозата на вакцината е помала од еден милилитар, тоа не е доволен волумен во кој би можел да се вметне микрочип, дури и кога некој би посакал да направи такво нешто. Состојките на вакцините се...

Вистиномер: Бизарна дезинформација е дека на Ноќта на вештерките ќе се изврши најмасовното жртвување на деца

Објавата е полна со неточни, недокажани информации, податоци кои немаат ниту научна основа, ниту логика и претставува збир од паушални и сензационалистички нафрлени теории на заговор кои подолго време се шират на интернет просторот. Вакцините против ковид-19 беа предмет на бројни тестирања и постојано се проверуваат. Тие се сигурни, покажуваат високо ниво на ефикасност во борбата со ковид-19 и...

Вистиномер: Не се создава ,,ковид облак” од авион во лет

Белата трага, што ја оставаат авионите во воздухот, се нарекува „контрејл“, односно патека од кондензација. Зависно од висината на која се наоѓа авионот, температурата и влагата на атмосферата, контрејлс може да варираат во дебелината и времетраењето во кое се појавуваат. Тврдењето во постот дека авионот остава зад себе ковид облак е бесмислено, затоа што вирусот се пренесува на растојание...

Вистиномер: Измислица е дека Халина Хачинс требало да снима документарец за педофилија во Холивуд

Постот што го рецензираме е невистинит. Халина Хачинс немала во план, ниту била инволвирана во документарен филм за наводна педофилска мрежа во Холивуд. Телевизискиот агент на Хачинс, Крег Мизрахи, тоа го потврдил за „Ју Ес Еј Тудеј“. Оваа измислица е само преведена на македонски, но потекнува од  забавен сајт, наречен ,,Светски сиви вести” (World Grey News), каде што и...

Вистиномер: Ковид пандемијата постои, а болеста ковид-19 е предизвикана од вирус

Ковид-19 е заболување предизвикано од SARS-CoV-2, вирус од фамилијата коронавирус, првично откриен во Кина во декември 2019 година. Докажано е дека коронавирусите се големо семејство на вируси за кои е познато дека предизвикуваат болести кои варираат од обична настинка до посериозни заболувања како Респираторен Синдром од Блискиот Исток (БИРС) и Сериозен Акутен Респираторен Синдром (САРС). Не е точно ниту...

Вистиномер: Не постојат глобал-сатанисти, имунизацијата се одвива врз база на научни студии

Научни студии и анализи секојдневно потврдуваат дека вакцините против ковид-19 се ефикасни и ефективни, спречуваат тешки форми на болеста и превенираат од смрт. СЗО и ЕМА годинава ги одобрија вакцините на „Фајзер“ и „Модерна“ за употреба и кај деца од 12 до 17 години. Испитувањето покажа дека ниту едно од 2.163 деца кои ја примија вакцината не разви ковид-19....

Вистиномер: Не е точно дека на секои 100 години има пандемија како план за депопулација

Големата чума во Франција не е пандемија, другите примери на пандемија наведени во постот не се случиле точно во годините што се посочуваат, туку порано или подоцна 3 години. Исто така, во меѓупериодот од 1720 до денеска имало голем број други пандемии, кои не се споменати во оваа објава на Фејсбук. Постот селективно прикажува само некои податоци со цел...

Вистиномер: „Нов светски поредок“ нема да прави светска депопулација

Агенда 21 е еден од документите кои произлегоа од конференцијата на ОН за животната средина и развој одржана во Рио Де Женеиро. Во овој документ ги нема термините споменати во постот (видеото) што го рецензираме, како  „валута, војска, сувренитет…“. Агендата за развој 2030, пак, е резолуција усвоена од ОН во 2015 година, фокусирана на 17 цели кои треба да...

Критинк: Поттикувањето на критичкото мислење – една од најсилните алатки во борбата против дезинформациите

Поттикнувањето на критичкото размислување е значајно за младите лица кои се постојано „закачени“ на Интернет и „бомбардирни“ со мноштво информации. Теориите на заговор се многу блиску до некритичкото мислење. Но, интересно е што многу од луѓето кои имаат склоност кон верување во теории на заговор се сметаат за критички мислители кои имаат повисоко ниво на сомнеж, иако во основа...

Вистиномер: Лага е дека медицинските лица во Австралија намерно ги убиваат невакцинираните

Лекот ивермектин во Австралија е забранет за употреба во третманот на болни од ковид-19. Австралискиот регулатор за лекови им дал изрична забрана на медицинските лица во државата да го препишуваат ивермектин како лек за коронавирусот. Оттука е јасно дека овој лек не се користи во болниците во Австралија. Обвинувањата дека во болниците ивермектин им се дава на вакцинирани пациенти...

Вистиномер: Нема докази дека личности од светската елита примиле лажни вакцини против ковид-19

Тврдењата на психијатарот Алесандро Мелуци, личноста на која се повикува постот, дека луѓе од елитата примале лажни вакцини против ковид-19, се без никаков доказ и истите не се никаде пријавени. Споделувањето на вакви непроверени информации можат да создадат забуна во јавноста и да предизвикаат паника, особено во услови кога е во тек процесот на вакцинација против ковид-19, како единствен...

Вистиномер: Коронавирус има, а микрочипови за следење на вакцинираните нема

Видео на Фејсбук шири дезинформациии дека коронавирусот не постои, а вакцините се метод за микрочипирање на населението и негово следење.  Што се однесува до вакцинацијата, таа во земјата е доброволна. Никој  никого не присилува да се вакцинира. Но, доколку некој не се вакцинира, тогаш тој може да има рестрикции во движењето – ограничувања каде може, а каде не може...

Вистиномер: Лаги, лаги и лаги дека ковид 19 е измама!

„Вистиномер“ рецензираше објава на Фејсбук во која е изнесена теорија на заговор, односно пост во кој се тврди дека ковид е измама и глобален координиран напад со цел да се уништи светската економија, да се воведе светска дигитална валута, присилно вакцинирање, идентификација со микрочипови. Го пренесуваме текстот во целост: Според авторот на постот, зад сето ова стојат групи кои го...

Старо обраќање на Црвенковски од пред три години прикажано како ново пред изборите

Пред изборите кои се одржаа на 8 мај 2024 година, Црвенковски немал никакво обраќање ниту порака испратена до власта. Црвенковски испратил порака дека Македонија е корумпирана држава, но тоа не...