fbpx
Таг: Талат Џафери

таг: Талат Џафери

Столтенберг денеска доаѓа во дводневна посета на Македонија

Денеска, во дводневна официјална посета на Македонија, доаѓа генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг кој треба да има средби со премиерот Зоран Заев, со министерката за одбрана Радмила Шекеринска, претседателот Ѓорге Иванов, претседателот на Собранието, Талат Џафери и други високи официјални претставници. Столтенберг ќе слета вечерва, а ќе го пречека министерката Шекеринска. Средбата со Заев ќе се одржи утре во Клубот...

Џафери – Петерсон: ОБСЕ/ОДИХР ќе го набљудува спроведувањето на референдумот

Претседателот на Собранието, Талат Џафери се сретна со шефот на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР за референдумот, амбасадорот Јан Петерсен. Џафери изразил задоволство што ОБСЕ/ОДИХР одлучиле да испратат Мисија за набљудување на референдумот на 30 септември и оцениле дека следењето на спроведувањето на референдумот од страна на оваа организација е од исклучителна важност за поттикнување на довербата во референдумскиот процес. „Тој нагласи...

Конгресмените од САД со поддршка на Договорот со Грција и членството во НАТО

Собраниските активности во пресрет на јавната пропаганда за референдумот, надлежностите на Собранието во извршувањето на уставно пропишана надзорна функција и законската регулатива во безбедносниот сектор, со што ќе се обезбеди квалитетен и демократски парламентарен надзор, како и за реформските процеси за забрзана интеграција на државата во НАТО и ЕУ, биле темите за кои се интересирале американските конгресмени на денешната...

Во среда ќе знае кои пратенички групи ќе водат кампања за референдумот

Во среда најверојатно ќе биде познато која пратеничка група колку средства ќе добие за кампањата за референдумот за 30 септември. Како што појаснуваат од собраниските служби, пратеничките групи и пратениците поединечно нема да добијат средства на рака, туку кампањата ќе биде реализирана преку закуп на простор во соодветни медиуми пропорционално според бројот на пратеници во пратеничката група. Кампањата за референдумот се...

Истекува рокот пратениците да се изјаснат за учество во кампањата за референдумот

Денеска е последен ден од рокот што претседателот на Собранието на Македонија, Талат Џафери во петокот го достави до пратеничките групи во кое треба да одговорат дали ќе учествуваат во јавната пропаганда за референдумот и каква кампања ќе водат, односно дали ќе бидат „за“ или „против“ референдумското прашање. Талат Џафери изутринава ќе има средба со координаторите на пратеничките групи, на...

Џафери до Милошоски: Нема да се делат пари за кампања на секој пратеник посебно

Откако денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски објави дека ќе се вклучи во јавната пропаганда за референдумот со повици за бојкот и побара Собранието да му додели пари за неговата кампања, од Собранието стаса негативен одговор. Во соопштение за јавноста, од Собранието информираа дека до претседателот на Собранието, Талат Џафери, пристигнал допис од пратеник со кој бара да му се...

Милошоски ќе го бојкотира референдумот и побара пари за кампања

Пратеникот Антониjо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение испратено до Претседателот на Собранието, Талат Џафери извести дека ќе учествува во јавна пропаганда на претстојниот референдум. „Јас, Антонио Милошоски пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во координација со координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ве известувам дека ќе земам учество во јавната пропаганда на претстојниот референдум со бојкотирачки став бидејќи сум против референдумското прашање, а...

Џафери им даде три дена рок на партиите да го кажат ставот за референдумот

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска достави известување до пратеничките групи во кое бара во рок од три дена да одговорат дали ќе учествуваат во јавната пропаганда за референдумот која треба да ја спроведе Собранието, како и за тоа каква кампања ќе водат, дали ќе бидат „за“ или „против“ референдумското прашање. Известувањето е упатено до координаторите на пратеничките групи на...

Координативното тело за референдумот ќе го води Џафери, ВМРО-ДПМНЕ не дојде на координација

Собранието на Република Македонија ќе формира Координативно тело за спроведување на референдумот на државно ниво на 30 септември и водење на јавна кампања. Ова е еден од заклучоците донесени на денешната координативна средба на претседателот на Собранието Талат Џафери со првите луѓе на пратеничките групи на која присуствуваа и потпретседателите на Собранието и претставник на Владата, соопштија собраниските служби. Со Координативното...

Координација во Собранието за претстојниот референдум

Во Собранието денеска попладне претседателот на Собранието Талат Џафери ќе одржи координативна средба со потпретседателите, координаторите на пратеничките групи и претставникот на Владата. Според најавите, во фокусот ќе биде референдумот закажан за 30 септември и неговата кампања. Јавноста очекува одговори дали и како пратениците и пратеничките групи ќе учествуваат во кампањата (јавна пропаганда) за референдумот, но и дали Собранието, како...

Џафери: Договорот со Грција во Службен весник по референдумот заедно со Законот за јазици

Официјалниот дел на кампањата за референдумот ќе започне на 10 септември, а во кампањата ќе учествуваат сите оние кои што сакаат да учествуваат, а во кој контекст ќе учествуваат, дали ќе го поддржат или ќе бојкотираат или ќе повикаат да се гласа против зависи од нив, рече претседателот на Собранието Талат Џафери на денешниот брифинг со новинарите. -Веќе скоро три...

СДСМ, ДУИ и БЕСА ја потпишаа иницијативата за распишување референдум

Пратениците од владејачкото мнозинство најавија дека претпладнево ќе ја достават иницијативата за распишување на референдумот за името до претседателот на Собранието, Талат Џафери. Според информациите од пратеничката група на СДСМ, нивните пратеници веќе ги собрале потписите за иницијативата за распишување референдум, а на неа се потпишани и пратеници од ДУИ и од БЕСА. Се чека да заврши координацијата на пратеничката група...

Одлуката за распишување на референдум по координацијата на Џафери

Одлуката, дали денеска ќе биде распишан референдумот за името, ќе се знае по редовната понеделничка координација на претседателот на Собранието, Талат Џафери со координаторите на пратеничките групи. Нема официјални информации дали има некаков договор меѓу власта и опозицијата, особено за референдумското прашање, а според неофицијалните информации се е оставено на договор на лидерите на СДСМ и ВМРО – ДПМНЕ Зоран...

Новите членови на ДИК ќе дадат свечена изјава во понеделник во 10 часот

Собранието го презакажа давањето свечени изјави на новоизбраните членови на ДИК за понеделник во 10 часот откако денеска беше одложено поради комеморативната седница во Приштина по повод смртта на активистот за албанските права, Адем Демаќи каде отпатува собранискиот спикер Талат Џафери. Новиот привремен состав на ДИК со 100 гласа „за“ помина експресно на седницата која се одржа во среда вечерта. Согласно...

Одложени свечените изјави на новоизбраните членови на ДИК

Собранието ја одложи свечената изјава на новоизбраните членови на Државната изборна комисија поради комеморативната седница во Приштина по повод смртта на активистот за албанските права, Адем Демаќи. Собранискиот спикер Талат Џафери веќе отпатувал за Приштина. Собранието дополнително ќе ја закаже активноста за свечените изјави на членовите на ДИК. Новиот привремен состав на ДИК со 100 гласа „за“ помина експресно на седницата...

Џафери: Милошоски доверливите документи ги добил по недозволив и заобиколен пат

Кабинетот на претседателот на Собранието, Талат Џафери, се огласи со реакција за случајот со потегот на претседателот на Комисијата за надоврешна политика, Антонио Милошоски, односно непочитување на Законот за класифицирани информации од страна на пратеникот, кој е претседател на Комисијата за надворешна политика. „Претседателот на Комисијата за надворешна политика повеќе од една година нема безбедносен сертификат, иако од стручните служби...

ВМРО-ДПМНЕ ги испрати предлозите за членови на ДИК до Талат Џафери

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска претпладне ги доставила предлозите за претседател и еден член на ДИК до претседателот на Собранието, Талат Џафери со што се очекува да се деблокира процесот за избор на составот на Државната изборна комисија. Кабинетот на Џафери формалните известувања од политичките партии за предлозите за членови на ДИК потоа ќе ги достави до претседателот на Комисијата...

Џафери-Хан: Собранието е посветено на исполнување на обврските во сите клучни области

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, се сретна со еврокомесарот за соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, Јоханес Хан, со чија денешна работна посета на Македонија започнува скрининг-процесот со Европската комисија за утврдување на нивото на усогласеност на домашното со законодавството на ЕУ. Како што соопшти собраниската прес-служба, Џафери на средбата посочил дека Собранието е целосно посветено на...

Пратениците денеска повторно ќе гласаат за Договорот со Грција по ветото на Иванов

Собранието денеска во 11 часот ќе одржи пленарна седница на која единствена точка на дневен ред е законот за ратификација на Договорот со Грција кој на 17 јуни во Преспа го потпишаа македонскиот и грчкиот министер за надворешни работи, Никола Димитров и Никос Коѕиас. Законот по втор пат се наоѓа пред пратениците откако претседателот Ѓорге Иванов одби да го потпише...

Џафери: Собранието мора да ја прекине лошата пракса на Иванов да не потпишува закони

Доколку не го потпише и законот за ратификација на Договорот со Грција откако и по втор пат ќе биде изгласан со Собранието, претседателот на државата Ѓорге Иванов ќе воведе лоша пракса на мешање на надлежностите на властите односно преземање на надлежностите кои му припаѓаат на Собранието. Ова го истакна денеска претседателот на Собранието, Талат Џафери на брифинг со новинари. -...

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...