петок, 14 ноември, 2025
Meta.mk

Ознака: Светско првенство | 18 резултати

На Светското првенство по куглање, нашиот Архан во финалето го освои 8-то место

17 мај 2022

Архан Арслановски, куглар и ученик од средното училиште „Таки Даскало“ од Битола се пласираше во финалето на Светското првенство по куглање, информираат од Кугларската федерација на Македонија. Во машкото финале, Архан се пласираше на 8-то место со резултат 516 (148). И младата Стефанија Алексовска од Битола настапуваше на Светското првенство по куглање, каде со резултат […]

По поразот од Португалија, Македонија останува без настап на Светско првенство во фудбал

29 март 2022

Фудбалската репрезентација на Македонија не успеа да ја помине последната пречка што ја делеше од настап на Светското првенство во Катар. Со резултат 2:0 заврши финалниот меч од баражот помеѓу Португалија и Македонија што вечерва се одигра на стадионот „Драгао“ во Порто. Стрелец на двата гола беше португалскиот репрезентативец и фудбалер на Манчестер Јунајтед, Бруно […]

Вечерва на стадионот „Драгао“ во Порто, Македонија игра за прво учество на еден мундијал

29 март 2022

Вечерва, со почеток во 20:45 часот на стадионот „Драгао“ во Порто ќе започне фудбалскиот натпревар во кој Македонија игра против Португалија. Победникот на овој натпревар ќе обезбеди пласман на Светското фудбалско првенство во Катар. Ако македонската репрезентација успее да победи, тоа ќе значи прво учество на еден фудбалски мундијал од осамостојувањето на земјата. Селекторот Благоја […]

Историска победа над Италија, Македонија чекор поблиску до пласман на Светското првенство во Катар

24 март 2022

Историска победа над Италија забележа Фудбалската федерација на Северна Македонија, со што македонските фудбалери се чекор поблиску до пласман на Светското првенство во Катар. Победничкиот и единствен гол на натпреварот го постигна Александар Трајковски во 92-та минута од мечот. Селекторот Благоја Милевски и капитенот Стефан Ристовски беа поздравени со аплауз кога влегуваа во салата за […]

Македонија со свој учесник на Светското слем првенство на вицешампион(к)и

17 март 2022

По долги години пауза, по вторпат македонски претставник ќе учествува на светско првенство во слем-поезија, соопштија од Поетри слем – Македонија. Станува збор за новото Светско првенство на вицешампион(к)и, што за првпат се организира по иницијатива на Светската организација за слем-поезија, во која членуваат сите земји во светот со активна слем сцена, вклучително и од […]

Каратистот Емил Павлов освои сребрен медал на Светското првенство во Дубаи

20 ноември 2021

Македонскиот каратист Емил Павлов го освои сребрениот медал на Светското првенство во Дубаи во финалето во категоријата до 67 килограми. Тој во финалето денеска беше поразен од актуелниот олимписки првак Стивен Да Коста. За штипјанецот Емил Павлов ова е прв настап во категоријата до 67 килограми, а претходно беше трикратен европски шампион во категоријата до […]

Каратистот Емил Павлов ќе се бори за злато на Светското првенство во Дубаи

19 ноември 2021

Македонскиот каратист Емил Павлов испиша историја на Светското првенство во Дубаи откако се пласираше во финалето во категоријата до 67 килограми, соопшти Карате федерацијата на Македонија. Павлов во полуфиналето славеше над Унгарецот Мартијал Ивес Тадиси поради прв освоен поен откако борбата заврши 3-3, а за противник во финалето ќе го има Стивен да Коста од […]

Македонскиот кантерстрајк тим победи на Светското првенство во Израел

19 ноември 2021

Македонската „Кантер страјк: Глобал офенсив“ (Counter Strike:Global Offensive) репрезентација го освои Светското првенство на Меѓународната еспорт федерација. Тие успеаја да го победат тимот на Романија во финалето, откако претходно во полуфиналето ја совладаа украинската репрезентација. Составот за CS:GO репрезентацијата од актуелните светски прваци е следен: Јане “aidKiT” Апостолоски, Дамјан “kyxsan” Стоилковски, Александар “CacaNito” Ќулукоски, Павле […]

Младата Миа Еминова Блажевска постави пет нови национални рекорди во пливање

2 ноември 2021

Одлични резултати на нашата Олимпијка, Миа Еминова Блажевска на Меѓународниот пливачки натпревар “Гран при Зрењанин Куп”, кој се одржа по 29-ти пат. Младата пливачка успеа да постави пет нови рекорди на Македонија, но и ја исполни Б-нормата за претстојното Светско првенство во пливање кое се одржува во Абу Даби, информираат од Пливачкиот и ватерполо клуб […]

Картинг пред претседателскиот кабинет: Петар Богатиновски се подготвува за Светско првенство во картинг

22 октомври 2021

Картинг шампионот или како што медиумите во светот го нарекуваат македонското чудо од дете, 12 – годишниот Петар Богатиновски вчера го возеше својот картинг пред претседателскиот кабинет. Претседателот Стево Пендаровски на Фејсбук изрази поддршка за Петар, кој со победата во Централна Европска Зона – CEZ, е првиот Македонец којшто се квалификуваше за светското првенство во […]

Македонија ја победи Германија во фудбал на нивен терен, за квалификации за Светско првенство

1 април 2021

Македонската фудбалска репрезентација ја победи Германија во Дуизбург со 2:1 во квалификациите за Светското првенство, а натпреварот беше вистинска фудбалска сензација. Двата гола за репрезентацијата ги постигнаа Горан Пандев и Елиф Елмас. Македонија поведе со 1:0 со гол на Горан Пандев во продолжението на првото полувреме. Германија дојде до израмнување на резултатот со голот на Илкај […]

Македонската Е-спорт репрезентација ќе се натпреварува на Светско првенство

6 октомври 2020

На 31 октомври годинава започнува Светското првенство во е-спорт на кое ќе се натпреварува и македонската репрезентација, заедно со 60 други држави. Минатата недела се одигра првиот квалификациски турнир во Текен, во организација на Македонската Е-спорт Федерација. „Поради состојбата со ковид-19, турнирот беше лимитиран на 16 учесници и без посетители. Стефан Глигоров од Скопје беше […]

Македонските ракометари со 34:30 го совладаа Тунис на СП во Франција

12 јануари 2017

Македонската ракометна репрезентација вечерва во Мец го совлада тимот на Тунис со резултат 34:30 и со победа го почна настапот на Светското ракоментно првенство што се одржува во Франција. Најефикасен стрелец на мечот беше капитенот на македонската репрезентација, Кире Лазаров, кој постигна 12 гола, а по седум запишаа Дејан Манасков и Стојанче Стоилов. Кај селекцијата […]

Македонија во Скадар ќе ги почне квалификациите за Светското фудбалско првенство

18 февруари 2016

Македонската фудбалска репрезентација со мечот против селекцијата на Албанија, закажан за 5 септември, ќе го почне квалификацискиот циклус за Светското првенство во 2018 година, што ќе се одржи во Русија. Мечот, како што одлучи албанската фудбалска федерација, ќе се игра во Скадар, на стадионот „Лоро Боричи“, кој има капацитет од 20.000 седишта и во моментов […]

Страна 1 од 1